Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Трамп на Твитер за смртта на Брајант: Ужас

0
By Нова ТВ on January 26, 2020 СПОРТ
Фото: news.sky.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, January 26, 2020 22:38

Веста за смртта на Коби Брајант ја потресе планетата. Водечките светски медиуми го држат трагичниот настан на врвот на своите насловни страници со натпис „breaking news“ и „live update“ и постојано го освежуваат со информации за детали од САД.

Социјалните мрежи се веќе преплавени со емоции за еден од најголемите личности во поновата историја на кошаркарскиот спорт. Во изразувањето на сочувства, покрај колеги на Брајант, се придружија и политичарите кои со неверување ја примија веста за хеликоптерската несреќа во Калифорнија. Меѓу нив и претседателот на САД, Доналд Трамп.

„Медиумите известуват за смрт на големиот кошаркар Коби Брајант и уште три други лица во хеликоптерска несреќа во Калифорнија. Ужасна вест“, напиша Трамп на Твитер.

Во врска со трагичната смрт на Коби Брајант со изјава се огласи и градоначалникот на Лос Анџелес, Ерик Гарсети.

„Коби Брајант беше величина што инспирираше и воодушевуваше со својата појава и кошаркарски перформанси на теренот. Воодушевуваше со својот интелект и смиреност како татко и сопруг, како креативен генијалец и како амбасадор на играта што сакаше. Засекогаш ќе живее во срцата на жителите на Лос Анџелес и ќе остане запаметен како еден од нашите најголеми херои. Ова е момент кој остава без зборови. Тешко се опишува големината на шокот и тагата што ја чувствуваме“, напиша Гарсети.

Израз на тага и сочувство за смртта на Коби Брајант и од израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху.

„Тажен сум од веста за смртта на Коби Брајант, ова е тажен ден за сите љубители на кошарката во светот. Коби Брајант, еден од најголемите кошаркари на сите времиња, загина во хеликоптерска несреќа во Калабасас во Калифорнија. Вечно ќе живее за неговата сопруга, за четирите деца и во срцата на милиони кошпаркарски фанови во светот. Нека поќива во мир“, е пораката на Нетанјаху.

Статуси со идентична содржина и од голем број славни личности од американскиот јавен живот, но и активни и пензионирани кошаркари како Скоти Пипен, Пол Пирс, Кевин Лав и многу други на кои им е тешко да поверуваат со извештаите на американските и светски медиуми за падот на приватниот хеликоптер на ѕвездата на лејкерси.

Засега нема официјални информации за причините за хеликоптерската несреќа. Дел од медиумите, повикувајќи се на очевидци, јавуваат дека во леталото избил пожар пред да се урне.

Бејнамин Нетанјаху Доналд Трамп Ерик Гарсети Коби Брајант. Несреќа кошарка
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 4, 2026Updated:May 4, 2026

123 години од смртта на Гоце Делчев

ВЕСТИ May 4, 2026

Македонскиот револуционер Гоце Делчев е роден на 4ти февруари 1872 во Кукуш, Егејска Македонија идеолог,…

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.