Судењето за „Рекет“ продолжува денеска со презентација на материјални докази од страна на Обвинителството за организиран криминал. Судскиот процес против Бојан Јовановски и Катица Јанева влегува во нова фаза откога заврши презентацијата на сведоци од страна на обвинителството.
На последното рочиште за предметот „Рекет“ сведочеа Лидија Младеновиќ, ќерка на сопственикот на продавницата за мебел „Зона мебел“, судијката Мери Дика-Георгиевска од Апелацискиот суд Скопје, кума на обвинетиот Јовановски, водителката Лила Стојановска, блиска пријателка на обвинетиот Јовановски, и Сања Димовска, шефица на кабинетот на поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, сега второобвинета во „Рекет“.
По изнесување на материјалните докази на Обвинителството, на ред ќе биде одбраната со повикување на свои сведоци и изнесување на докази.