„Мозаик 2020“ за првпат во Македонија. Најава за голема заедничка концертна турнеја на дел од нашите најголеми музички ѕвезди по мотото „Затоа што заедно сме посилни“. Дел од карванот ќе бидат Владо Јаневски, Влатко Стефановски, „Елита 5“, „Слаткаристика“, „Нокаут“, Џамбо Агушев, Дани Димитровска, Ферус Мустафов, Туна, „Рок симфони“ и „S4MM“.
Планирани се три концертни вечери во три различни градови. Музичкиот хепенинг ќе почне од Скопје на 28 февруари (А1 арена „Борис Трајковски“) по што ќе следуваат настапи во Прилеп на 14 март (Центар за култура „Марко Цепенков“) и во Куманово на 21 март (Центар за култура „Трајко Прокопиев“). Влезници во продажба на продажната мрежа на МК тикетс.