Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Меркел: Мото за 2014- се осмелувам

0
By Нова ТВ on December 31, 2013 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, December 31, 2013 11:00

Aко граѓаните во Германија се ангажирани и политиката остане на курсот, тогаш за Германија и 2014-та година ќе биде добра, оцени канцеларката Ангела Меркел во новогодишното обраќање до граѓаните, jaвува Дојче веле на македонски.

Ангела Меркел во својата традиционална новогодишна порака ги повика Германците да бидат посветени на своите намери и амбиции.

„Се осмелувам“ би морало да биде мотото за 2014-та година, рече Меркел во новогодишното обраќање. Таа им се заблагодари на оние кои се ангажираат, дали преку основање фирма или преку покажување на својот талент како уметник, занаетчија или спортист, но и на сите оните кои што се вложуваат преку својата работа или, пак, покажуваат граѓанска храброст.

„Мотивација, ангажман и солидарност“ е она што крајно е „јадрото на нашата земја“, рече Меркел. „Државата може да инвестира и да создаде добри услови. Но, политичарите можат малку да постигнат без сите вас во земјата. Она што секој од нас индивидуално го постигнува во мал обем – тоа влијае на целата наша земја“, изјави Меркел.

Додека новогодишните говори на Меркел во последните години се карактеризираа со ограничен оптимизам поради европската финансиска криза, сега Меркел зборуваше за „многу добри вести“ во 2013. година. Таа оцени дека Германија може да „држи чекор со острата светска конкуренција“, така што „многу луѓе како никогаш претходно“ имаат работни места и има „многу луѓе кои придонесуваат како волонтери“.

Меркел рече и дека сака „на следните генерации да им биде предадена средена финансиска состојба“, дека „енергетската транзиција кон обновлива енергија успешно ќе се спроведе“ и дека за владата семејствата се „срцето на општеството“. Според Меркел, владата сака да го обезбеди „најдоброто можно образование за децата и младите“.
Меркел оцени дека и Европа игра значајна улога. Таа рече дека Европа за која сонуваа поединци, стана реалност благодарение на напорот на многумина, и таа е сега место на мирот за милиони луѓе.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026

Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026

Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.