Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев до судиите, обвинителите и поротниците – ослободете се

0
By Нова ТВ on February 17, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, February 17, 2020 20:53

Од „Маршот за правдата“ кој вечерва стартуваше пред Собранието, а својата кулминација ја доживеа пред Судот, лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во говор со засилени емоции им порача на сите да се охрабрат.

„Судии, обвинители, поротници – ослободете се. Ниту Мицкоски, ниту ВМРО-ДПМНЕ, ниту нивните инсталации не ви можат ништо. Не сме задоволни од испорачаното во однос на правната држава, затоа решивме дека ни е потребно правосудство што ќе ја донесе правдата, а не да застаруваат предмети. Можеше да има и побрза правда, но требаше Заев да се јавува по телефони и да нарачува пресуди. Но, за тоа ли се боревме? – Ние го ослободивме судството, но будно го следиме. Денеска чекориме затоа што сме жедни, затоа што сакаме правда во нашата земја. Правдата доаѓа бавно, но доаѓа, ако ги ослободиме обвинителите и судиите да судат подеднакво за сите, тоа не значи дека можат да забегаат во друга крајност. Законодавството е донесено, нема да дозволиме, овде сме со будното око да следиме и да  чекаме правна разрешница на сите случаи. Ни треба правна држава, ни треба закон еднаков на сите“, рече лидерот на СДСМ.

Заев се наврати на 2017 година кога СДСМ застана на чело на институциите, на дело виделе што значи тоа „заробена држава“, но најзаробена била правната држава.

„Остатоците на „Сваровски судството“, наместо делители на правдата, беа нејзини кочничари. Тие остатоци свесно ги развлекуваа постапките за делата да застаруваат и да се избегне разрешница секаде каде што може. Знаете ли кои беа единствените против Законот за јавно обвинителство? Извршителот Мицкоски, неговиот шеф Груевски и цело раководство на ВМРО-ДПМНЕ. На Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не им беше важно ништо друго освен да испорачаат амнестија за бегалецот во Будимпешта. Не им успеа“, рече Заев.

Според него, со усвоените законски решенија се гарантира дека политичарите нема да може да бираат и менуваат обвинители, ниту да одлучуваат за иднината на предметите.

„Нема веќе тефтерчиња, а тие што се виновни за старите тефтери ќе одговараат. Тоа е важно за правдата, за државата и за еднаквоста на сите граѓани пред законите. Покажавме пред граѓаните и пред меѓународните партнери дека имаме демократски капацитет да создадеме силни и независни институции. Забрзано чекориме кон интеграции во ЕУ и затоа денеска дополнително се радуваме“, рече Заев.

Сега, според него, на ред е ЕУ.

„На ред е ЕУ и нејзините земји членки. Ние нашите ветувања ги исполнуваме. Ред е ЕУ да го исполни ветувањето и, конечно, да ги отвори првите поглавја. Ветивме интеграција во ЕУ и НАТО, подобар живот, ветивме правда и правична држава. ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се поразени на темата правда-успеавме да обезбедиме двотретинско мнозинство“, рече Заев.

„Марш за правда“ Зоран Заев правна држава
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.