НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пратеници од имотни семејства, но и пратеници со „празни“ трансакциски сметки

0
By Нова ТВ on February 24, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во предворјето на предвремените парламентарни избори „порталб“ објавува податоци за имотната состојба на дел од пратениците во македонскиот политички блок чиј мандат заврши со распуштање на деветтиот параламентарен состав. Овие податоци се важни бидејќи за 30 дена по престанок на мандатот, сега веќе експратениците се обврзани да достават нови Анкетни листови до Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК), по што ќе може да се направи споредба на имотната состојба и да се види колку пратениците се „збогатиле“ или можеби „осиромашиле“ за време на нивниот пратенички мандат.

Имотна состојба на дел од пратениците во македонскиот политички блок

Во последната имотна состојба што сега веќе екс пратеничката Јагода Шахпаска од редовите на СДСМ, пријавила повеќе невижности, но за дел од нив не е посочена проценета вредност. На име на сопругот пријавени се гаража со вредност од 170.000 денари, две парцели земјоделско земјиште за кои не е наведена сумата, стан и куќа со вкупна проценета вредност од 92.000 евра. Како личен имот, но без да се посочи сумата, Шахпаска пријавила дека поседува два стана во Битола, автомобил, помошни простории, помошни објекти, земјиште под објект, двор и гаража. На име на сопругот пријавен е кредит во износ од 1,6 милиони денари. Личниот имот, според податокот од Анектниот лист, Шахпаска го стекнала со наследство.

 

Земјиште, куќа, акции, депозити е содржина во Анкетниот лист на досегашниот пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски покажува дека тој доаѓа од поимотно семејство. Како личен имот, Димовски пријавил дека поседува две парцели на земјиште во вредност од околу 13.400 евра, два автомобила со проценета вредност од 33.300 евра, акции во вредност од 75.000 денари, штеден влог за кој нема податоци и кредит за кој исто така нема податок и куќа за одмор со вредност од 58.500 евра. Родителите на Димовски, односно семејството поседува уште два парцели на земјиште, две куќи и стан со вкупна проценета вредност од околу 37.000 евра, а на име на родителите пријавени се и акции, штеден влог, автомобил и земјоделска дејност.

Куќа од 140 метри квадратни во Кавадарци со пријавена вредност од 156.000 евра е единствено наведено како личен имот во Анкетниот лист на поранешниот пратеник Панчо Минов. Се останато е на име на сопругата или децата, па така семејството Минови поседуваат стан од 96 метри квадратни во Скопје со вредност од 7,7 милиони денари, два автомобила, акции, кредити, фирма и заем, а на име на родителите пријавено е лозје на површина од 7.300 м2.

Поранешниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски во Анкетиниот лист пријавил дека на име на децата има стан во Германија со вредност од три милиони денари, заеднички имот – стан со гаража и подрум, месечен додаток за трето дете во износ од 8.500 денари. Како личен имот во Анкетниот лист, пријавил дека поседува камата од депозити, месечна кирија, надоместок како шеф на набљудувачка мисија во износ од 1,2 милиони денари, приход од скоро три милиони денари од продажба на стан, заштеда на транскациска сметка и приход од кирија од станот во Германија. Семејството има и кредит во износ од 80.000 евра.

Доскорешниот координатор на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески на свое лично име пријавил само кредит од 600.000 денари и удели во износ од 318.000 денари. На име на родителите и на споругата во сегашниот Анкетен лист пријавени се земјиште и градежно земјиште во Струга, куќа од 243 метри квадратни во вредност од 4,5 милиони денари, куќа за одмор од 130 метри квадратни со проценета вредност од 600.000 денари, лозје, два автомобила, денарски депозит од 420.000 денари и кредит.

Во Анкетниот лист на екс-пратеникот Емил Димитриев останува впечатлива колекцијата на оружје што тој ја поседува. Поранешниот пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ поседува оружје со различен калибар во вредност од скоро 8.000 евра, уметнички и колекционерски предмети со вредност од 200.000 денари, стан од 107 метри квадратни во Скопје со проценета вредност од 130.600 евра. Родителите на Димитриев поседуваат земјоделско земјиште со вредност од три милиони денари, куќа во износ од шест милиони денари, а пријавени се и двете пензии. Сопругата на Димитриев поседува накит во вредност од 150.000 денари, 400.000 денари штеден влог и плата.

На штедна книшка 1. 300 евра, кредит од 600.000 денари и кредитна картичка со 32.000 денари е личниот имот што го пријавила поранешната пратеничка Мира Стојчевска од СДСМ. На име на сопругот и на децата, Стојчевска пријавила куќа од 162 метри квадратни во Делчево, куќа со двор и со земјоделско земјиште, стан од 33 етри квадратни во Скопје, два автомобила, плата и кредитна картичка.

Поранешната пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ, Благица Ласовска во Анкетниот лист на име на сопругот пријавила стан во Свети Николе со вредност од 400.000 денари и два автомобила во износ од 156.000 денари. Ласовска на свое име поседува куќа од 131 метар квадратни, помошни простории, две парцели земјоделско земјиште, дополнително и земјиште и земјиште под објект, двор, автомобил и кредитна картичка.

Фото: magazin.mk

Екс пратеничката од редовите на Социјалистичкта партија, Владанка Авировиќ на свое лично име пријавила само накит со проценета вредност од 180.000 евра и заеднички имот – уметнички и колекционерски предмети со вредност од 130.000 денари. На име на децата и на сопругот пријавени се куќа во изградба од 156 метри квадратни во Скопје, куќа со двор од 140 метри квадратни во вредност од седум милиони денари во Скопје, четири автомобили и два кредита.

анкетни листови имотна состојба пратеници Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.