Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Струјата ја поевтинивме, вишокот го извезуваме, Мицкоски е најлош директор на ЕЛЕМ

0
By Нова ТВ on February 24, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, February 24, 2020 19:03
„Jа поевтинивме струјата за граѓаните, обезбедивме поевтина и стабилна цена на струјата, а денес ЕСМ има добивка и вложува во екологија. На другата страна е Мицкоски, кој беше најлошиот директор на ЕЛЕМ во историјата на ова претпријатие и увезуваше прескапа струја, заедно со ВМРО-ДПМНЕ, партија со најлоши резултати во енергетиката“, напиша Зоран Заев на неговиот Фејсбук профил.
Како репер го зема периодот 2006 – 2016 година во кој, како што стои во постот, ВМРО-ДПМНЕ, Груевски и Мицкоски ја покачија цената на струјата за 100 отсто за сите потрошувачи.
„Додека Мицкоски беше советник за енергетика на Груевски, имаше пад на домашното производство за 25 отсто, а увозот стигна до огромни 38 отсто. Парите на ЕЛЕМ, наместо во енергетиката, одеа за барок и споменици. Во време на ВМРО-ДПМНЕ средствата на ЕЛЕМ се вложуваа во рајски градини со кои извршителот Мицкоски ги исполнуваше желбите на неговиот шеф Груевски. Ги принудуваа исклучените граѓани од централно парно греење да плаќаат надомест, иако тие не ја користеа оваа услуга. Единаесет години целосно ја заборавија или намерно ја кочеа гасификацијата“, стои, меѓу другото, во објавата.
Потоа се осврна на состојбите по 2016 година и што, по преземање на власта, направила СДСМ. Наведени се шест точки што се оценети како успешни и одговорни политики во енергетскиот сектор кои, како што пишува, меѓународната енергетска заедница ги нарекува шампионски.
„Цената на струјата поевтини и се стабилизира, граѓаните добиваат пониски сметки. Ја вративме и евтината дневна тарифа за помали сметки во секое семејство. Го зголемивме домашното производство на струја. Денес ЕСМ (ЕЛЕМ) не купува прескапа електрична енергија. Напротив, денес продаваме вишок електрична енергија и за само две години, ЕСМ продаде енергија во вредност од 40 милиони евра. ЕСМ денеска има добивка од 80 милиони евра од кои 10 милиони годишно одат за екологија кај 10.000 граѓани за да добијат еколошки начин на загревање. Наместо да се ставаат стиропор фасади во лажен барок, денес се менуваат филтри во РЕК Битола. Интензивно работиме на гасификација на државата. Досега се инсталирани 101 километар цевки за гас во рамки на примарната мрежа на делниците Неготино – Битола и Скопје – Тетово – Гостивар. Степенот на реализација изнесува 74 отсто, а целосно се завршени сите административни процедури за интерконекторот за гас со Грција за што е добиен европски грант од 13 милиони евра. Исклучените од парно греење денес не плаќаат доколку не ја користат услугата, а во исто време го намаливме ДДВ за парно греење од 18 отсто на 5 отсто за да стимулираме враќање на граѓаните кон овој тип на еколошко греење“, посочува Заев преку Фејсбук.
Зоран Заев Производство сметки струја цена
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.