НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ДИК со апел до партиите: Евентуални приговори за изборите само со факти

0
By Нова ТВ on March 6, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Членовите на Државната Изборна Комисија (ДИК) oд денешната седница упатија порака до учесниците на предвремените парламентарни избори на 12 април дека нема да прифаќаат наменски приговори за повреди на постапката на денот на изборите и за сумирање на резултатите само со цел за кочење и злоупотреба на процесот. ДИК донесе упатство за начинот постапката за решавање на преговори. Новина е тоа што Комисијата ќе одлучува само за повреди на постапката на денот на гласањето и сумирање на резултатите и дека приговорите од учесниците на изборите, односно нивните овластени претставници ќе треба да достават приговори со факти и конкретен опис на евентуалните неправилности. Тоа се со цел, како што истакнаа членови на Комисијата, да не се случи кој било од какви било причини да го злоупотреби процесот и да продуцира приговори без никаков основ и без никаква содржина.

Членот на ДИК, Борис Кондарко потенцира дека оние што ќе го поднесуваат приговорот и учесниците што забележале евентуални неправилности треба да го наведат она што го виделе. Претседателот на ДИК, Оливер Деркоски беше дециден дека Комисијата нема да прифаќа наменски приговори само за да се кочи изборниот процес и оти ќе мора евентуалните приговори да содржат факти и податоци, како и дека Комисијата само на тој начин ќе работи.

На седницата беше усвоено и упатство за начинот и постапката за решавање на приговори кои се во надлежност на општинските изборни комисии. Од овие избори, нова надлежност на Општинските Изборни Комисии (ОИК) е да одлучуваат по приговори за лично избирачко право. Како што беше појаснето, доколку граѓанинот го нема во Избирачкиот список, тој ќе треба да пополни образец што ќе претставува доказ за ОИК до која ќе го достави приговорот, а ОИК по приговорот ќе решава во рок од четири часа по поднесувањето.

Од оваа година исто така ќе се организира гласање во старечките домови. До сега, како што информираа од ДИК, пријави за гласање кое ќе се организира на 11 април, има од 18 такви установи.

ДИК на седницата прифати три барања за набљудување на изборите и тоа за четворица претставници на Меѓународната фондација за изборни системи ИФИС, канцеларија во Северна Македонија, за 18 претставници на МОСТ и за 33 набљудувачи на ОБСЕ/ОДИХР.

Дик избори приговори
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пожарите во Шпанија стигнаа до Лас Медулас, место на светското наследство на УНЕСКО

August 11, 2025

Пожар избувна во мотор на туристички брод кај Закинтос

August 11, 2025

Албанските власти почнаа со уривање на нелегално изградени големи објекти, кај Валона урнат трикатен објект

August 11, 2025

Советот за безбедност на ОН: Израелското преземање на Газа би предизвикало катастрофа

August 10, 2025

Италијански медиуми: Иванка Трамп го купила островот Сазан во Албанија за над милијарда долари

August 10, 2025
ФОКУС

Хелсинки: Финска обвини тројца офицери на танкерот „Игл С“ за саботажа на подморски кабли во Балтичко Море

ВЕСТИ August 11, 2025

Тројца офицери од танкерот „Игл С“ се обвинети во Финска под сомнение за оштетување на…

Ен-Би-Си: Белата куќа размислува да го повика Зеленски на Алјаска

August 10, 2025

Нови дваесетина убиени во денешните израелски напади врз Газа

August 9, 2025

Претседателот на Собранието Африм Фаши ги распиша локалните избори – ќе се одржат на 19-ти октомври 2025

August 9, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.