Загадувањето во Битола е на критично високо ниво. На периоди и до 5, 10 па и 20 пати повеќе од дозволеното! Тоа го покажува мерната станица Битола 1 која се наоѓа на периферијата на градот, а работи само од време на време.
Мерната станица Битола 2 , што се наоѓа овде во централното градско подрачје, речиси две години не е во функција и нема податоци каков е квалитетот на воздухот во Центарот на Битола.
Застрашувачки е податокот дека точно пред две години, на 4-ти јануари 2012, загадувањето било 20 проценти над дозволеното. Денес, на 4-ти јануари 2014, Битола сеуште се задушува, а власта не презема ништо“, изјави Васко Ковачевски, Координатор на советничка група на СДСМ, во Совет на Општина Битола.