НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ДИК апелира за одложување на изборите пред состанокот на Советот за безбедност

0
By Нова ТВ on March 15, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На денешната седница на Државната изборна комисија испрати апел до политичките партии за одложување на предвремените парламентарни избори, коишто се закажани за 12. април.

Државната изборна комисија (ДИК) пред утрешниот состанок на Советот за безбедност свикан кај претседателот Стево Пендаровски, во врска со ширењето на коронавирусот побара од државниот врв да ја преиспита одлуката за одржување на предвремените парламентарни избори на 12 април.

Членовите на ДИК на денешната седница, укажаа дека не станува збор само за денот на изборите, туку дека во овој процес се вклучени многу луѓе кои меѓусебно треба да комуницираат.

Само членови на избирачките одбори се 35.000 луѓе, а дополнителен е и бројот на членовите во ОИК, а во организација на изборите е вклучен и огромен број административно технички и логистички персонал. Треба да бидат заменети 3.200 лица од медицинскиот персонал кои што се членови на избирачките одбори и ОИК.

Членот на ДИК, Јанакие Витановски, апелираше до политичките партии и до Владата да седнат и да се договорат, посочувајќи дека ДИК ќе ги спроведува нивните одлуки, но доколку вирусот се прошири, тогаш како што рече тој, кој ќе ги реализира изборите, бидејќи може да се случи десеткување на членовите на изборните органи.

Исто така тој укажа дека во изминатите денови во просториите на ДИК биле и членовите од ОИК од Дебар и Центар Жупа, каде сега е воведена кризна состојба поради коронавирусот. Според него,  доцна ќе биде одлуката за тоа што ќе се случува со изборите да биде донесена на 22 март.

Членот на ДИК Борис Кондарко, укажувајќи на потребата од повторно разгледување на ова прашање на утрешната сеница на Советот за безбедност што ќе заседава во проширен состав рече дека од стручен аспект треба да се земе предвид ова нивно мислење, бидејќи како што кажа, изборите не се состојат само од политичките партии.

Претседателот на ДИК, Оливер Деркоски, потенцираше дека треба да се донесе одлука со ладна глава и дека пред сè сега е здравјето на граѓаните.

Според него, редуциран е бројот на активностите на ДИК и се прават сите напори голем дел од обврските да се завршуваат по електронски пат, но посочува дека во нивните простории понекогаш поради обврските поврзани со организација на изборите се собирале по 200 до 300 луѓе дневно.

Сепак, вели тој , ние ќе продолжиме да работиме се до нова одлука на надлежните институции.

Деркоски одговарајќи на новинарко прашање рече дека нивен претставник не е дел од Советот за безбедност и затоа ја користат седницата за јавно да ги кажат своите ставови, а целта е да помогнат при донесувањето на соодветна одлука.

Во однос на евентуалното одложување на изборите, тој појасни дека мандатот на пратениците од сега веќе распуштениот собраниски состав трае до изборот на новиот парламентарен состав и дека досега ние сме имале пракса на вонредно свикување на Парламентот.

На денешната седница на Државната изборна комисија испрати апел до политичките партии за одложување на предвремените парламентарни избори, коишто се закажани за 12. април.

Дик избори одложување
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.