НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Наумов: Бескаматни кредити за фирмите од 3.000 до 30.000 евра

0
By Нова ТВ on March 25, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Директорот на Развојната банка на Северна Македонија, Кире Наумов го објави првиот повик за директна кредитна поддршка на микро, малите и средните претпријатија. Во првата фаза, како што соопшти на прес-конференцијата во Влада, ќе се кредитираат најпогодените сектори: угостителство, туризам и товарниот транспорт, а целта е првично да се надминат проблемите со ликвидноста. Аплицирањето ќе почне од ноќеска на полноќ.

Висината на кредитите ќе зависи од големината на компанијата, односот од бројот на вработени, а минималниот износ е 3.000 евра. Микро компаниите до 10 вработени ќе може да аплицираат за кредит од 3.000 до 5.000 евра, малите компании со 10 до 50 вработени за 10.000 до 15.000 евра, а средните компании со 50 до 250 вработени за кредит од 15.000 до 30.000 евра. Каматата за сите кредити е нула проценти, отплатата е на 24 месеци со грејс периодот од шест месеци.

Според Наумов, поддршката со бескаматните кредити ќе продолжи и ќе се прошири на другите сектори кои дополнително ќе се утврдат.

„Почитувајќи ги препораките за заштита на јавното здравје, аплицирањето за кредитите од јавниот повик ќе биде електронско, а потребната документација ќе се доставува на меил адресата: kreditiranjecovid1@mbdp.cm.mk“, истакна Наумов.

Владата минатата недела на прес-конференција соопшти дека ќе се обезбеди директна финансиска поддршка за задржување на ликвидноста на микро, малите и средните компани и субвенционирање на придонесите за април, мај и јуни, како дел од првиот сет мерки за справување со последиците од коронавирусот. Како што тогаш рече вицепремиерката за економски прашања, Мила Царовска, обезбедени се 5,7 милиони евра од Развојната банка кои ќе се наменат за микро, малите и средни компании чија економска активност е погодена од КОВИД-19. Секоја компанија во зависност од бројот на вработени ќе може да добие од 3.000 до 30.000 евра.

Кире Наумов кредити Македонија Развојна банка
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.