НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковид-19 во Македонија: Досега заболени 201 лице, доаѓаат респиратори, маски и тестови

0
By Нова ТВ on March 27, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Коронавирус, заклучно со вчера, е регистриран кај вкупно 201 лице во земјава. На Клиниката за инфективни болести беше испишан еден пациент од Дебар, кој во добра општа состојба и со два негативни теста е испратен на домашно лекување. Таква можност е најавена и една пациентка од Скопје чии два последователни тестови, исто така, се негативни. Како последица на Ковид-19 досега починаа тројца пациенти.

Најголем број за заразени лица се евидентирани во Скопје (123), по што следуваат Дебар (43) од кои двајца починати, Куманово (15) од кои еден починат, Штип (осум), Велес (три), Охрид (три), Кавадарци (два), Прилеп (два), Гостивар (еден) и Тетово (еден).

Нов случај на коронавирус е регистриран кај пациент од Тетово кој од 9 до 23 март престојувал во Заводот за рехабилитација во Скопје. По неговото враќање дома, поради зголемена температура, му бил направен тест и тој преку тетовското инфективното одделение е препратен на хоспитализација на Инфективната клиника во Скопје. Тим на епидемиолози во текот на вчерашниот дензема примероци за тест од 14 здравствени работници и четири пациенти кои биле во контакт со тетовецот.

Министерот за здравство Венко Филипче вчера најави дека од следната недела ќе има мобилни тестирања, а Куманово ќе биде еден од првите градови каде ќе се зголеми бројот на тестирања по мобилен пат.

Во Велес каде веќе се потврдени три случаи, министерот најави зајакнување на епидемиолошката служба со еден или двајца епидемиолози кои ќе бидат испратени во текот на денешниот ден, а следната недела и мобилна екипа.

Во текот на наредната недела, како донација, треба да пристигнат 500.000 маски и 20.000 тестови, реагенси за тестирање на коронавирусот. Филипче вчера рече дека добиле одговор од повеќе донатори, преку норвешката Влада за респираторни машини кои ги очекуваат на почетокот на април, а овие денови ќе добијат одговор и од кинеската амбасадата од која побарале донација пред неколку недели.

Засега прогнозите на надлежните остануваат дека пикот на вирусот ќе биде кон крајот на април и оти бројката на заболени ќе достигне до околу две илјади лица. Сепак, министерот најавува детална анализа за очекувањата и за временскиот интервал кога што би можело да се очекува. Анализата, како што посочи, би била готова во текот на викендот или на почетокот на следната недела.

Според министерот, вонредната состојба и мерките што се воведоа се сосема доволен механизам за постигнување на крајната цел и нагласи дека очекува резултат и од значајното зголемување на часовите на ограничување на движење, односно полицискиот час за време на викендот.

За да се спречи ширење на заразата за викендот ќе важат дополнителни рестриктивни мерки. Во сабота и недела за сите граѓани ќе биде забрането движењето од 16 часот до 5 наредниот ден.

Остануваат да важат и претходните забрани – полициски час од 21 до 5 часот и забраната за излегување надвор за постари од 67 години (од 11 до 5 часот) и за помлади од 18 години (од 21 часот до 12 наредниот ден).

Коронавирус Македонија маски Респиратори тестови
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

ВЕСТИ August 4, 2025

Во најновите руски напади извршени 405 напади врз 10 населени места во Запорожјето, а три…

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

August 3, 2025

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.