НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филипче: Член на резервниот тим на Кардиологија пројавил симптоми на Ковид-19

0
By Нова ТВ on March 27, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Еден од членовите на резервниот тим на Клиниката за кардиологија пројавил симптоми на работното место. Случајот е забележан во делот на ангиосалата каде што нема лежечки пациенти, туку само пациенти кои доаѓаат за интервенција на срцето и во тој дел, лекарите во однос на контактот кон пациентите се целосно заштитени, изјави министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција во Владата.

„Но, доколку се востанови дека некој се појавил на работно место свесен дека има симптоми, ќе следуваат санкции“, потенцира Филипче.

Анализата на материјалите од лица од Заводот за рехабилитација во Козле сè уште трае, а во меѓувреме се земени примероци од уште 18 вработени, истакна Филипче и во завнисност од резултатите, како што рече, постои можност од понеделник да работи за амбулансткиот дел во установата.

Филипче нагласи и дека не треба да се има сомнеж за несподелување на точни бројки во врска со бројот на заразени лица со Ковид-19 во земјата.

„Тие податоци ги споделуваме и со официјални претставници на Светската здравствена организација и не може да биде поинаку. Во тој поглед нема простор за манипулација“, нагласи министерот за здравство и изрази задоволство што растот на заболени е линеарен, а не експоненцијален.

Во изминатите 24 часа, рече тој, се регистирани 18 нови случаи со што вкупната бројка на заболени во земјата до 12 часот денеска е 219. Нови случаи се регистрирани кај лица од Скопје, од Прилеп, Куманово и Тетово. Според местото на живеење, случаи на Ковид-19 се забележани во Скопје, во Дебар, во Куманово, во Штип, во Прилеп, во Охрид, во Велес, во Кавадарци, во Тетово и во Гостивар. Тројца од заболени се излекувани, а тројца, за жал, починаа.

„На Инфективната клиника се хоспитализирани 41 пациент од кои седум во потешка состојба, но истите се независни од респиратор, 27 се наоѓаат во средно-тешки состојба, а седум имаат поблаги симптоми. Стабилна се состојбата и на пациентите во Штип“, порача Филипче.

Венко Филипче Завод за рехабилитација Кардиологија Ковид-19
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.