НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заврши изолацијата на Вухан

0
By Нова ТВ on March 28, 2020 СВЕТ
Фото: asia.nikkei.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Од денеска повторно e можен влез во Вухан, главниот град на кинеската порвинција Хубеи. Меѓутоа, излезот од градот сè уште е оневозможен – вонредните мерки во таа насока ќе траат до 8 април. Со работа повторно почна подземната железница и другиот сообраќај на долги релации, а од наредната недела своите врати повторно ќе ги отворат и шопинг-центрите.

Голем број возови што денеска повторно влегоа во Вухан беа преполни, а местата беа резервирани претходно. Во салата на железничката станица во градот има долги редици, јави агенцијата „Франс прес“.

Жена на возраст од 36 години, која во Вухан се вратила заедно со ќерка си уште во текот на вчерашниот ден, за агенцијата АФП зборува со многу емоции, затоа што таа и детето биле разделени со сопругот и татко цели десет недели.

„Кога возот се приближи до Вухан, јас и детето бевме многу возбудени. Имавме чувство како возот да се движи побрзо од претходно, а ќерка ми рече дека возачот мора да знае дека навистина сакаме да се вратиме дома“, изјави жената, која признава дека не можела да ги задржи солзите кога детето се стрчало во прегратката на татка си.

Во текот на изминатите денови во Вухан беа отворени банките, а со возење почнаа и автобусите. Сепак, граѓаните и натаму имаат препорака од властите да не патуваат ако тоа не е неопхдоно, а постарите лица и натаму треба да го избегнуваат јавниот сообраќај.

Провинцијата Хубеи, која има околу 60 милиони жители, два месеца беше отсечена од надворешниот свет. Во текот на изминатите недели бројот на новоинфицирани, според официјалните бројки, значително се намали. Здравствените власти соопштија дека од коронавирусот денеска починале три лица. Во клиниките има уште 2.500 заболени, од кои 900 се „тешки случаи“.

Во Кина, според официјалните податоци, досега се потврдени 81.000 случаи на Ковид-19, од кои најголем дел во Вухан – 50.000. Бројот на починати од коронавирусот во Кина е 3.330 лица.

Вухан Изолација Кина Коронавирус
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.