Во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата се издадени решенија за изолација на 109 лица, а 112 потпишале изјави за самоизолација, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).
Според статистиката на МВР, полициски службеници извршиле контроли над лица во изолација и самоизолација, при што е констатирано дека едно лице во самоизолација, не било затекнато во својот дом.
Во однос на забраната за движење во текот на изминатите 24 часа, на ниво на цела држава е евидентирано дека 242 лица не ја почитувале забраната за движење, при што се приведени 95 лица, опоменати се 37 лица, а за останатите се изготвени записници, се наведува во соопштението од МВР.