Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
НОВА ТВНОВА ТВ

Инспекција во болницата во Охрид: Утврдено прекршување на давање здравствена заштита

0
By Нова ТВ on March 30, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, March 30, 2020 14:02

Сè уште трае инспекцискиот надзор во општата болница во Охрид каде викендот не беше примена 66 годишната пациентка од Струга која подоцна почина во Скопје од коронавирус. Во текот на денешниот ден треба да биде готов целиот извештај, но она што досега го потврдиле инспекторите е дека има прекршување во однос на давање на здравствена заштита на пациент.

Директорката на Државниот здравствен и санитарен инспекторат, Иринка Сотирова денеска информира дека сè уште се земаат изјави од сите кои работеле тој ден или наредниот ден на Инфективната клиника во Охрид.

„Инспекцискиот надзор сè уште трае, но од досега добиените информации е утврдено прекршување во однос на неовозможување на здравствена заштита на пациент. Се однесува на здравствен работник кој бил дежурен во времето кога пациентката е донесена на преглед. Точно е дека матичниот доктор има издадено упат. За сите други прашања ќе одговорам и ќе го информирам министерот во извештајот што ќе биде подготвен денеска затоа што сè уште се земаат изјави од сите оние кои работеле тој или следниот ден на Инфективната болница во Охрид“, рече Сотирова на прес-конференцијата во Владата.

Посочи дека на Инфективното одделение во Охрид работат двајца специјалисти и двајца специјализанти и медицински персонал и оти одговорноста ќе се утврдува од страна на Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Инфективното одделение, како што рече Сотирова, во овој момент функционира.

По обелоденувањето на овој случај, министерот за здравство Венко Филипче викендот на прес-конференција најави разрешување на директорката на Охридската болница. Предмет отвори и Јавното обвинителство.

болница Здравствена заштита Инспексија Коронавирус Охрид Пациентка
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 9, 2026

Скопје: Наша Европа. Посилни заедно – 9-ти мај ден на Европа

ВЕСТИ May 9, 2026

Ден на Европа оваа година се слави под слоганот „Наша Европа. Посилни заедно“.

„Да го одбраниме Колективниот договор“ – СКРМ најави протест на отворањето на „Мајски оперски вечери“

May 8, 2026

Објавена мапа на американските напади врз Иран

May 8, 2026

Администрацијата на Трамп претстави нова стратегијa: ја обвинува Европа дека е „расадник“ на тероризам

May 7, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.