Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тавилах: Брзите тестови за антитела и антигени на ковид-19 се предмет на евалуација

0
By Нова ТВ on April 3, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, April 3, 2020 17:23

Добри лабораториски практики што даваат точни резултати се важни од аспект да се покаже дека лабораториските тестови се во корист на јавното здравје. Лабораториските тестови се дел од големата стратегија на националниот одговор во однос на пренесувањето на вирусот ковид-19. Светската здравствена организација (СЗО) е фокусирана исклучиво на тестови за вирусологија и молекуларна дијагностика, бидејќи тоа е препорачан метод за идентификација на случаи со зараза. Серолошки тестови, како оние што се користат за испитување на имунолошкиот одговор на лицето кое се тестира, но не и на честичките на самиот вирус – како оние тестови кои се прават во некои приватни болници и лаборатории – моментално не се препорачани од СЗО за детекција на ковид-19 и не се вклучени во спецификациите за тестови што се одобрени од СЗО.

Ова за МИА го истакна шефицата на канцеларијата на СЗО во Скопје, Џихан Тавилах, која нагласи дека улогата на брзите тестови за антитела и за детекција на антигени на ковид-19 сè уште е предмет на евалуација и не се препорачуваат од страна на СЗО за клиничко дијагностицирање и се чека на повеќе докази за перформансите на тестовите и нивната корист.

„СЗО може да ги надополнат нивните насоки штом повеќе информации станат достапни во врска со лабораториски тестови за ковид-19. Според сегашните упатства на СЗО, тестирањето на тие со симптоми или оние кои имале контакт со заразен со ковид-19 е дел од главната стратегија за контрола на појавата и ширењето. Сомнителни случаи треба да бидат дел од скрининг за вирусот со тестови за засилување на нуклеинска киселина (NAAT), како РТ-ПЦР. Тој е всушност направен за да го детектира самиот вирус, она што ние го викаме антиген. Со него може да се измери вирусното оптоварување или бројот на вирусите во еден примерок. Тоа значи дека само преку тестирање на вирусното оптоварување преку ПЦР ние ќе знаеме дали некој е заразен и има активна болест и кога некој е излечен“, нагласи Тавилах.

Вели дека со брзите тестови не може да се направи разлика меѓу некој кој само што бил инфициран и кој е се уште заразен и по два до два до 14 дена од инфекцијата или стара инфекција од порано.

Тавилах додава дека со брзи тестови не е можно да се каже кои се активни случаи што треба да се во изолација и за кои треба грижа или за кои не треба тоа.

„Во оваа ситуација, и лажни позитивни резултати и лажни негативни резултати не се од помош ниту на лицето ниту пак за јавното здравје и напорите кои се прават да се заштити за да се запре ширењето на инфекцијата од едно лице на друго“, вели Тавилах.

Нагласи дека брзите тестови, исто така, може да покажат и вкрстена реактивност со други вируси и не се доволни за да се даде дијагноза.

„СЗО не ги препорачува. Еден или повеќе негативни резултати не ја исклучуваат можноста од постоењето на инфекција со ковид-19 вирусот“, додаде таа.

Вели повеќето земји ги следат препораките на СЗО кои се вклучени во стратегијата на организацијата за лабораториско тестирање за ковид-19, објавени на 22 март и упатствата од 19 март.

„Тоа е дел од дефиницијата за известување за потврдени случаи на ковид-19, која се доставува до СЗО, и може да се направи само во лабораторија за вирусологија. Комерцијални и некомерцијални серолошки тестови даваат вкрстена реактивност на други коронавируси. И затоа нивната способност за да се даде дијагноза се става под знак прашалник. Како што реков, овие тестови се уште се во фаза на развивање“, нагласи Тавилах.

Потенцира дека е потребно повеќе за да се добие точен тест. „Соодветна обука и мерки треба да бидат исполнети, како на пример квалитетот на примерокот, употреба на контролите, дали примерокот бил земен подоцна или порано од инфекцијата и дали со примерокот било ракувано соодветно како и дали бил соодветно транспортиран“, појаснува шефицата на канцеларијата на СЗО за МИА.

Во врска со тоа дали лабораторијата при Институтот за јавно здравје е соодветно опремена за откривање на ковид-19, Тавилах вели дека таа е единствената во моментов, која е веродостојна.

„Не само заради тестирањето, но и бидејќи директорот на лабораторијата е компетентна личност и е консултант на СЗО за седум земји во регионот. Исто така, тесно соработува со Центарот за контрола на болести во Атланта. Неодамна, лабораторијата беше признаена од страна на СЗО и Центарот за контрола на болести како национална лабораторија за заразни болести после 12 години на подготовки, обуки, опремување и напорна работа“, додава Тавилах.

Коронавирус СЗО тестови Џихан Тавилах
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.