НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Препораки за трудници во справување со пандемијата од ковид-19

0
By Нова ТВ on April 6, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Интернационалното здружение на гинеколози и акушери (ISUOG) и протоколот објавен на 26 март 2020 година ги објави најчестите поставуваните прашања за ковид-19 и ризиците во бременоста, соопшти денеска Министерството за здравство (МЗ).

Во однос на прашањето како да се однесуваат трудниците и дали се препорачува редовно да се прават задолжителните антенатални контроли, се препорачува да се намали нивниот број во овој период на активна пандемија, но само при нормален тек на бременоста и кај трудници кои немаат лошо акушерско минато или други минати здравствени проблеми, односно немаат ризични фактори за евентуална појава на патолошка бременост.

Доколку жената има барем еден од симптомите на оваа инфекција, а е бремена, потребно е да се јави на преглед кај својот лекар.

„Секогаш поставете ја маската пред да излезете од дома, држете растојание најмалку два метри од останатите, особено откако ќе пристигнете во болницата или во амбулантата и најдобро телефонски најавете го вашето доаѓање. Во епидемиолошката анкета задолжително пријавете ги во целост вашите симптоми и контакти со можен ризик“, се вели во соопштението од МЗ.

На прашањето колкава е веројатноста за инфекција со коронавирус во бременоста, се наведува дека досега има малку публикации и недоволен број информации за бремени жени што се разболеле од ковид-19.

„Од досега објавените докази се чини дека помал е бројот на трудници што се позитивни или болни од ковид-19 во споредба со останатите жени. Жените со други здравствени проблеми, особено тие со хронични заболувања на респираторниот систем, висок крвен притисок, дијабетес, имаат поголем ризик од ова заболување и за нив постои поинаков протокол за следење на бременоста и породувањето“, се вели во соопштението.

Повеќето здрави трудници кај кои тестот за ковид-19 ќе биде позитивен, би требало, како што се наведува, доколку се без симптоми или со блага симптоматологија, да бидат згрижени дома, а да останат во комуникација со својот матичен гинеколог и лекар. Доколку симптомите кај таквите случаи почнат да се влошуваат, неопходна е хоспитализација.

„Колку актуелното вирусно заболување е поблиску до веројатниот термин за породување, толку се помали ризиците за плодот. Најголем ризик за плодот постои доколку трудницата рано во бременоста се стекне со вирусот, се разболи и е со ризик за предвремено породување“, се вели во соопштението.

 

Според објавените достапни податоци, се претпоставува дека не постои пренесување од мајкaта на плодот за време на бременоста.

„Нема знаци дека ковид-19 ги зголемува ризиците од аномалии на плодот, иако знаеме само за неколку жени што го добиле вирусот во периодот на органогенеза, односно во првите три месеци по забременување. Некои студии со слични вируси сугерираат дека бебето може да не расте доволно, соодветно за гестациската недела, т.е. да се здобие со интраутерин застој во растот (IUGR) по инфекција слична на ковид-19. За навремено воочување на овие компликации, повеќето експерти препорачуваат најмалку еден ултразвук по две до четири недели од завршување на инфекцијата за да бидете сигурни дека плодот добро се развива“, стои во соопштението.

Едно од најчесто поставуваните прашања се однесуваат и на ризиците во тек на породувањето.

„Ако имате ковид-19 и сте во активна фаза на породување, поради можна хипоксија (недостиг на кислород) или застој во породувањето, може да биде отежнато спонтаното вагинално породување и во тој случај препораките се породувањето да се заврши со царски рез. Во моментот нема друга причина да се избере царски рез наместо вагинално породување кога мајката има ковид-19, освен ако не станува збор за предвремено породување или постои некоја друга акушерска индикација за царски рез од страна на мајката или на плодот“, стои во соопштението.

Ако мајката е позитивна на ковид-19, честопати се препорачува да остане со своето бебе, ако се чувствува добро.

„Некои околности може да бараат да бидете одделени од вашето бебе. Потребно е да бидете многу претпазливи за да избегнете пренесување на вирусот на вашето бебе. Ова најдобро се прави со доволно долго и детално миење на рацете пред да го допрете бебето, да избегнувате допирање на лицето на бебето, да избегнувате кашлање или кивање во близина на бебето и да носите маска тип FFP3 или P100 кога се грижите за него“, се вели во соопштението.

Министерството за здравство информира дека од досега споделените научни докази, неколку трудници заразени со коронавирус биле тестирани и во млекото не е пронајден знак за вирусот.

„Значи, се чини дека мајчиното млеко е безбедно за вашето бебе дури и ако имате ковид-19. Но, во исто време, треба да бидете претпазливи за да избегнете пренесување на вирусот на бебето. Друга одлична опција е да да носите маска тип FFP3 или P100, да го измолзете вашето млеко и да имате некој што не е болен да го нахрани бебето“, се вели во соопштението од Министерството за здравство.

Бременост Коронавирус Министерство за здравство препораки Трудници
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.