Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Танасоски: Увозните давачки во март намалени, пораст на извозот на овошје и зеленчук

0
By Нова ТВ on April 9, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, April 9, 2020 12:57

Увозните давачки во март во просек бележат намалување за 10 проценти во споредба со минатата година, поради кризата, намалената потрошувачка на акцизна стока, но и намалената цена на нафтените деривати. Прекуграничната трговија се одвива без проблеми, кај извозот бројките покажуваат зголемување кај свежиот зеленчук и овошјето. Ова го соопшти директорот на Царинската управа Ѓоко Танасоски на денешната прес-конференција.

Како што соопшти, вредноста на извозот во јануари-март оваа година изнесува 86,77 милијарди денари или 1,41 милијарда евра што е за 210 милиони евра повеќе во однос на 2019 година. Вкупната количина на извезена стока, пак, изнесува 702.650 тони.

Според Танасоски, и покрај исклучително тешките услови, извозот на свеж зеленук во март годинава е зголемен за 3.000 тони во однос на 2019 година, додека пак кај вредноста се бележи одредено намалување и изнесува 290 милиони денари или околу 4,7 милиони евра. Извозот на свежо овошје во март е поголем за милион евра во однос на 2019 година кога изнесувал 3,7 милиони евра или 9.126 тони.

„Како резултат на дигиталната царина и воведувањето нов софтвер, од 1 април царинската постапка е целосно без хартија. Тоа практично значи дека секој извозник покрај тоа што не треба да поднесува хартиена царинска декларација, не е потребно да ги поднесува и другите царински документи. На овој начин придобивките покрај олеснување на трговијата во ова кризно време придонесуваат и за избегнување на физичкиот контакт“, истакна Танасоски и додаде дека царинењето може да се изврши во рок од 24 часа.

Потсети дека сите информации се достапни на економските оператори, на воведените т.н. „зелени коридори“ за обезбедување 24 часовна работа на граничните региони во рамки на ЦЕФТА регионот и клучните гранични премини со ЕУ, како и листа на приоритетни стоки.

Меѓу мерките за олеснување на работата на економските оператори ги наведе продолжениот рок на одобренијата за поедноставени постапки до 30 септември оваа година, укинување на царинските давачки на потрошен медицински материјал, лекови и суровини за производство, укинување на царинската давачка за замрзнато свинско место, можност за одложување на плаќањето на царина, ДДВ и акциза, продолжување на важноста на банкарските гаранции, а поедноставена е  постапката за реиздавање одобренија за повластените корисници на етилалкохол.

Танасоски истакна дека во март е регистриран пад на наплатата на акцизите, а со тоа и на увозното ДДВ во просек од 10 проценти.

„Во споредба со минатата година, наплатата е намалена за 654 милиони денари и сето тоа се должи на намалувањето на потрошувачката на акцизната роба и согласно тоа повлекува и одредени намалувања на цената на нафтените деривати“, истакна директорот на Царинската управа.

Тој посочи дека во овој период се поднесени шест кривични пријави до ОЈО по различни основи, за фалсификување исправа и за интелектуална приватна сопственост.

Ѓоко Танасоски извоз увоз царина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
shortcut
ФОКУС
May 13, 2026

Иран постави пет услови за нови разговори со САД

ВЕСТИ May 13, 2026

Иран нема да влезе во втората рунда преговори со САД додека не се исполнат пет…

ЕУ сепак ќе разговара со Путин – се бара посредник засега меѓу Меркел и Макрон

May 11, 2026

Техеран: Иран го отфрли планот на САД – цените на нафтата веднаш скокнаа

May 11, 2026

Скопје: Наша Европа. Посилни заедно – 9-ти мај ден на Европа

May 9, 2026
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.