Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонија попладнево влегува во 61 часовен карантин

0
By Нова ТВ on April 10, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, April 10, 2020 09:19

Во 16 часот попладнево ќе започне 61 часовниот карантин за сите граѓани на целата територија на Македонија што ќе заврши во 5 часот наутро во понеделник. Согласно одлуката на Владата, а со цел спречување на ширење на вирусот ковид-19, полицискиот час во текот на работните денови почнува од 16 до 5 часот, додека движењето за време на викендот ќе биде целосно забрането. Од мерката се изземени припадниците на полицијата, на армијата, здравствените работници, а исто така не важи и за маркетите и рестораните кои се доставувачи на производи. Аптеките ќе работат непречено.

„Исклучоците важат за вработените лица во МВР, за припадниците на Агенцијата за национална безбедност, за Министерството за здравство, за Министерството за одбрана, за противпожарните територијални единици, Царинската управа, земјоделските лица и фармери кои работат и се движат во атарот на руралните средини и оние кои одгледуваат раноградинарски култури и имаат неодложни активности за одгледување на истите во овој период, млекопроизводителите, како и другите лица и институиции опфатени во исклучоците за овие мерки и забрани“, соопшти Владата.

Маркетите и викендот треба да го прилагодат своето работно време согласно забраните за движење на територијата на државата и непречено да го организираат работниот процес. Штабовите треба да го организираат движењето на лицата волонтери што ќе ги доставуваат најнеопходните намирници до домовите на граѓаните.

Забраната, како што истакна вчера министерот за здравство, Венко Филипче, ќе важи и за време на претстојните верски празници.

„Знам дека е тешко и доаѓаат и верски празници, но ова е период во кој мора сите со почитување на мерките да инвестираме во сопственото, но и во колективното јавно здравје. И за време на верските празници кои се пред нас, ќе важи целосна рестрикција во движењето“, изјави Филипче на вчерашната прес-конференција.

Тој смета дека за време на празниците, доколку е дозволено движењето, многу тешко ќе може да се контролира и токму затоа ставот е тогаш да важат истите мерки како и за викенд. Државата е во фаза кога воведените мерки се најстроги. Сепак, животот повторно ќе се врати во нормала кога за тоа ќе се создадат услови. Како што појасни министерот Филипче, се прават планови за оваа насока.

„Се подготвуваме за периодот за целосно враќање во нормала кога ќе бидат исполнети условите за тоа. Но, нема да може така лесно целокупниот работен процес и животот да се врати во нормала со истиот интензитет, имајќи го предвид искуството на некои други земји, како и предвидувањата дека секогаш постои ризик за втор пик на дијагностицирани пациенти“, додаде Филипче.

Економските оператори, маркетите и рестораните ќе добијат насока како да го организираат работниот процес кога ќе се отстранат рестриктивните мерки и кога целокупниот процес ќе почне да се враќа во нормала.

„Следната недела ќе почне интензивна комуникација со претставници на стопанските комори, ќе се даде јасна насока на економските оператори, производствените капацитети и рестораните како треба нивниот работен процес да го организираат за тогаш кога ќе се одлучи дека е дојден моментот да се отстранат сите овие рестриктивни ригорозни мерки и целокупниот тој процес постепено да се врати во нормала“, појасни Филипче.

Сето ова, вели, ќе се работи во периодот додека траат рестриктивните мерки.

„Ова се сериозни мерки за рестрикција, меѓутоа крајната цел е да се заштити здравјето на граѓаните и верувам дека сите се свесни за сериозноста на ситуацијата и дека секој гледано низ призма на својот професионален и личен капацитет треба да се заложи максимално до сите до кои што допира. граѓани или групи на граѓани, дека овие мерки мора да се почитуваат и сите да се придржуваат до нив“, порача  Филипче.

Министерството за внатрешни работи, пак, како што најави дополнителната министерка Славјанка Петровска е целосно подготвено да одговори на задачите за време на продолжениот викенд полициски час.

Викенд Карантин Коронавирус Македонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
shortcut
ФОКУС
May 17, 2026

43-тиот кочански марш за Ангелите се случи во Виница

ВЕСТИ May 17, 2026

Неверојатно е како во оваа држава секој знае што не направил ама никој не чувствува…

И Виница во протестниот марш на кочанските родители за правда за ужасот во „Пулс“

May 16, 2026

СДСМ: Нов скандал – нова бомба: 93 тендери вредни 18 милиони евра за Мастеф, омилената фирма на власта

May 16, 2026

Дописничката од Белата куќа Емили Гудин: Сѐ што добивме од Кина заврши во ѓубре уште пред да се качиме во претседателскиот авион

May 15, 2026
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.