НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Димковски: Рокот за плаќање на закупнина за државно земјоделско земјиште до 12 ноември

0
By Нова ТВ on April 16, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со уредба на Владата, за три и пол месеци се продолжува рокот за плаќање за државна закупнина за државно земјоделско земјиште за 2019 година и обврските по тој основ ќе треба да бидат подмирени до 12 ноември оваа година. До тогаш нема да се врши еднострано раскинување на договорите за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост заради неплатената државна закупнина. Целта е да се овозможи на земјоделците прво да обезбедат приходи од продажбата, па потоа да платат закупнина за државното земјоделско земјиште, наведе министерот за земјоделство, Трајан Димковски на денешната прес-конференција.

Тој посочи дека се ставаат во мирување и роковите за сите јавни повици, за поднесување на проекти и за реализација на инвестициите на националните програми и од програмата ИПАРД 2, како дел од мерките кои ги презема Владата со цел да се ублажат последиците од пандемијата врз земјоделството и руралниот развој.

„Поради пандемијата годинава извозот на јагнињата се одвива со намален интензитет. За да се покријат загубите на одгледувачите на овци, вкупната финансиска поддршка за женско јагне ја зголемуваме на 2.500 денари по грло, рече Димковски.

Тој истакна дека поради намалената динамика на склучување на договори за производство и за откуп на тутун за реколтата 2020, во месец март, рокот за склучување на договори меѓу производителите на тутун и регистрираните откупувачи го продолжиле до 30 април.

„Земјоделците кои се самостојни вршители на дејност, а се регистрирани според законот за трговски друштва ќе имаат можност да користат и дел од економскиот пакет мерки како финансиска поддршка од 14.500 денари за месеците април и мај“, нагласи Димковски.

Министерот за земјоделство наведе дека во услови на ограничен пристап до пазарите и рестрикции во движењето, се повеќе земјоделци почнуваат онлајн продажба на своите производи.

„Ги повикувам земјоделците да ја користат и платформата „понуда и побарувачка“ што ја воведе Министерството за земјоделство, а преку која можат да ги понудат своите производи“, посочи Димковски.

Тој упати апел до граѓаните да купуваат домашни производи со цел да се заштити домашното производство.

„Зелените коридори за брз транспорт на стока веќе функционираат и со тоа во значителна мера ќе се олесни трговијата со земјоделските производи“, потенцираше Димковски.

Првиот човек на МЗШВ истакна дека по надминување на здравствената криза, производството на храна треба и мора да и продолжи непречено, а земјоделците да продолжат со своите работни активности.

„Владата ќе ги овозоможи сите потребни услови за одржливо земјоделско производство, пласман и ќе одоговори на брањата на земјоделците. Изминатиот период како ресорно Министерство преземаме мерки кои ќе им помогнат на земјоделците и на стопанствениците во агросекторот. Во оваа вонредна состојба да имаат рентабилно земјоделско производство и пласман на своите производи“, рече Димковски.

„Зелен коридор“ Закуп Јагниња МЗШВ откуп Производство Трајан Димковски храна
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.