НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Зошто „збудале“ цената на нафтата?

0
By Нова ТВ on April 22, 2020 ЕКОНОМИЈА, СВЕТ
Фото: ogj.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Какви времиња. Купувачите добиваат сурова нафта на подарок, а згора на тоа уште и премија. Дали тоа се должи само на коронавирусот или на специфичностите на пазарот на нафта?

Што се случува на пазарите на нафта?

Цените на нафтата уште во текот на изминатите недели паднаа драстично поради корона-кризата. Освен тоа, имаше несогласувања меѓу картелот ОПЕК и други земји производители на нафта. Сега, на почетокот на неделата, стигна реализацијата на одредени договори за достава на нафта. Само што магацините се полни, што значи немало воопшто или имало премалку физички купувачи. Тоа вчеравечер ја турна цената на ВТИ-нафтата (West Texas Intermediate) во негатива.

Како се креира цената?

Цената на нафтата се заснова, пред сè, врз принципот на понуда и побарувачка. Поради пандемијата во светот има економски застој, нема побарувачка, па цените паѓаат буквално до под. Фирмите нарачуваат помалку нафта, авиокомпаниите ги имаат приземјено своите летала, а потрошувачите се дома и не возат толку автомобили како пред пандемијата.

Кои договори за нафта го предизвикаа ценовниот шок?

На 21 април истече рокот за т.н. терминирани зделки за месец мај. Тоа значи – кој на овој ден има договор в рака, нему му припаѓа соодветната доставка на нафта. Таа тече во канистри за нафта, за чие користење мора да се плати. Сега треба да се достави нафтата за мај, но канистрите се веќе полни. Цената на преостанатите празни канистри се зголемува. Затоа инвеститорите побегнаа од договорите, тие не сакаат да си ги изгорат прстите.

Дали падот е дело на шпекуланти?

И да и не. Договорите може да бидат атрактивни за шпекулантите. Тие, едноставно речено, се облог на цената на нафтата во иднина, при што може да се добие и загуби. Во овој случај вклучените шпекуланти многу се преиграа. Но, многу фирми мора да ги обезбедат своите зделки на пазарот на сурова нафта. За тоа служат договорите со термини, какви што има на пример и за пченицата и за кафето. Тие, во основа, овозможуваат доверливи и пресметливи цени за иднина. Но, во актуелнава ситуација речиси никој не ја сака нафтата, чие доставување е предвидено со ваквите договори.

Дали од падот е погодена само американската нафта од типот ВТИ?

Нафтоводите за ВТИ-нафта завршуваат во американската сојузна држава Оклахома. Таму се наоѓа и најголемиот простор за складирање во светот. Во градот на складирање, Кушинг, меѓутоа, магацините се веќе полни. Преостанатиот празен простор за складирање сега чини околу десет долари за барел нафта, а цената веројатно ќе се зголемува и натаму. Европската нафта од типот Брент има повеќе алтернативи при дотурот.

Зошто едноставно не се намали производството на нафта?

Нафтените извори се главно, повеќе или помалку, под притисок. Штом еднаш ќе се продупчи, нафтата од тој извор тече постојано. Пред сè, во случајот со нафтата добиена од шкрилци со помош на контроверзната фрекинг-техника во САД е тешко да се запре производството. Затоа, меѓу другото, во моментот има нафтени танкери на светските мориња – тие служат како пловечки канистри за нафта.

Какви се последиците за нафтените концерни?

Тие, ако цените и натаму останат ниски, сè повеќе ќе влегуваат во проблеми. Целата фрекинг-бранша во САД поради ниските цени е на работ на бездна. За да се стопанисува колку-толку, според набљудувачите, неопходно е нафтата да има цена од 50 долари за барел.

Зошто Трамп сега купува нафта?

За да се истакне. Американскиот претседател најави дека ќе се купуваат 75 милиони барели нафта за да се одржи цената на нафтата и со тоа да се наполнат националните резерви. Но, тоа е само капка на врел камен. Поефектен е договорот на ОПЕК со други држави производители на нафта, како Русија, за намалување на дневното производство на нафта за 10 милиони барели. Експертите сметаат дека тоа ни оддалеку не е доволно со оглед на огромниот пад на побарувачка на нафта.

Барел нафта Побарувачка Понуда цена
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.