Официјален Пекинг не прифаќа спроведување на независна меѓународна истрага во земјата за потеклото на коронавирусот, изјави кинеската амбасадорка во Велика Британија, Чен Вен.
Таа за „Би-Би-Си“ истакна дека таквите барања се политички мотивирани и додаде дека истрага би ги одвратила кинеските власти од борбата против пандемијата на ковид-19.
Вен предупреди дека бројните непотврдени теории и дезинформации за појавата на коронавирусот се нешто слично на „политички вирус“, кој е поопасен од ковид-19.