Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кривична пријава за струмички инспектор од АФПЗРР за примање поткуп за субвенции

0
By Нова ТВ on April 30, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, April 30, 2020 11:32

Инспектор од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР) доби кривична пријава за примање поткуп од фирма што ја контролирал за исплаќање субвенции. Инспекторот е фатен со парите од поткупот и е приведен. Од МВР информираат дека отсекот за економски крминал при Одделението за внатрешни работи Радовиш до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против И.Г. (38) од Струмица.

„Во декември во 2019 година осомничениот извршил контрола над земјоделски површини во сопственост на правен субјект од село Бучим, општина Радовиш, за што изготвил записник без констатирани забелешки, а врз основа на тој записник на правниот субјект му биле исплатени субвенции согласно Програмата за финансиска подршка во земјоделството за 2019 година. Во април 2020 година пријавениот остварил контакти со управителот на правниот субјект и побарал од него да му исплати пари во износ од 600 евра, како награда за претходно изготвениот записник без констатирани неправилности, а ако не го стори тоа, тој ќе изготви нов записник со констатирани неправилности, поради што ќе мора да ги враќа исплатените средства и нема да има право да аплицира за доделување на субвенции следната година“, се наведува во соопштението на полицијата.

Од МВР информираат дека вчера во 8 часот на локалениот пат од село Бучим кон Радовиш, полицајци од Одделението за внатрешни работи Радовиш го запреле И.Г. при што во неговото возило пронашле обележани банкноти во вкупен износ од 36.000 денари, кои претходно осомничениот ги примил од управителот на фирмата од село Бучим.

АФПЗРР инспектор Кривична пријава Македонија поткуп
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 8, 2026

Сериозна ескалација: Америка силно го нападна Иран – пристигна соодветна одмазда

ВЕСТИ July 8, 2026

Американската војска соопшти дека завршила серија напади во Иран во кои биле погодени повеќе од…

Париз: Ле Пен може во претседателската трка, но ќе носи електронска алка

July 7, 2026

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

July 6, 2026

Газдите што отпуштија работници и ги заменија со вештачка интелигенција веќе зажалија

July 5, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.