НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Села бара од Пендаровски почитување на албанскиот јазик

0
By Нова ТВ on May 5, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот на Алијасата на Албанците, Зијадин Села упати отворено писмо до претседателот Стево Пендаровски во кое му честита за неговиот настап на емисијата „360“ на ТВ Алсат во кое се истакнуваат три приоритети на претседателскиот мандат на Пендаровски: демократија, интеграција во институциите на Западната цивилизација и разновидноста на Северна Македонија, каде што секој член на етничките или религиозни заедници има еднакви права.

Сепак, Села изразува жалење што државата е како што вели далеку од овие цели кои ги истакна претседателот и додава дека како што вели „воопшто не можам да се согласам со вас кога велите дека aко цената да влеземе во Европската унија е да кажеме дека не сме Македонци и да кажеме дека нашиот јазик се именува некако поинаку освен македонски јазик, не ни треба Европската унија“.

„Не, господине Претседател, граѓаните на оваа земја никогаш нема да се согласат да се откажат од ЕУ“ пишува Села во неговото писмо упатено до Пендаровски.

Тој понатаму изразува разбирање за како што вели емоционалната реакција за бугарската условеност.

„Секој државник и човек на земјата би бил толку навреден колку што сте и вие. Сепак, она што не можам да го разберам е како е можно, особено по ова бугарско условување, дека ниту вие лично ниту македонскиот политички естаблишмент немате ниту најмала рефлексија за тоа како Албанците се чувствуваат во Северна Македонија каде нивниот национален идентитетот постојано се крши. Велите дека не можете да верувате дека во 21 век некој може да негира јазик кој е кодиран и практикуван со децении. Да, господине Претседател, сè уште има такви случаи во 21 век. И да се најде таков пример не треба да гледате кон Софија. Доволно е да погледнете во вашиот двор, Северна Македонија во која вие претседавате, за да  видите како државата го негира ова исто право на Албанцит, на уште побрутален начин, именувајќи го албански јазик како „јазик што го зборуваат најмалку 20 отсто од населението и кој е различен од македонскиот“ пишува претседателот на Алијансата на Албанците во неговото отворено писмо упатено до претседателот Стево Пендаровски.

Во врска со наводите објавени во писмото побаравме коментар од Кабинетот на претседателот.

„Во врска со отвореното писмо до претседателот Стево Пендаровски, упатено од господинот Зијадин Села, претседател на Алијанса на Албанците, информираме дека претседателот Пендаровски својот афирмативен став кон албанскиот јазик го има покажано во повеќе наврати во својата политичка кариера, вклучувајќи ја и парламентарната дебата и гласањето на Законот за јазици во Собранието.

На јавноста и е познато дека претседателот Пендаровски јазикот на Албанците кои живеат во Република Северна Македонија никогаш не го нарекувал „јазик на кој зборуваат 20 отсто од населението“, туку само и единствено „албански јазик.“

Претседателот во потполност ја поддржува заложбата на господинот Села за целосна рамноправност на сите граѓани во земјта, независно од нивната етничка припадност, вклучително и во изразувањето на нивниот јазичен идентитет“ се вели во коментарот кој редакцијата на Нова ТВ го доби од Кабинетот на претседателот.

албански јазик Зијадин Села писмо Стево Пендаровски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.