Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дневен ковид-19 биланс: Еден починат пациент, 44 излекувани и 13 новозаболени

0
By Нова ТВ on May 6, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, May 6, 2020 13:14

Едно починато лице, 44 излекувани и 13 новозаболени е билансот за ковид-19 во земјата во последното деноноќие, информираат од Министерството за здравство (МЗ). Смртниот случај е во ГОБ „8 септември“ каде почина пациент од Прилеп на возраст од 55 години кој бил хоспитализиран на 22 април и 13 дена бил приклучен на респираторна машина. Во дневниот извештај на МЗ е додаден и пациент кој починал на 4 мај во болницата во Битола, бил суспектен на коронавирусот што бил потврден преку посмртно земениот брис.

Министерството за здравство информира дека на Институтот за јавно здравје денеска се регистрирани 44 оздравени пациенти и тоа од Скопје – 5, од Куманово – 12, од Прилеп – 9, од Велес – 12, од Битола – 2, од Кавадарци – 1, од Крушево – 1 и од Неготино – 2.

Во изминатите 24 часа, пак, се направени 292 тестирања, а потврдени се 13 нови случаи на ковид-19 и тоа во Куманово – 1, во Прилеп – 3, во Тетово – 3, во Велес – 5 и во Битола – 1.

Согласно ова вкупната бројка на ковид дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.539, бројката на оздравени пациенти е 1.057, на починати е 88, а во моментот бројот на активни случаи во земјата изнесува 394. Последната дистрибуција по градови е следна:
Скопје – 515
Куманово – 402
Дебар – 51
Штип – 34
Прилеп – 162
Тетово – 93
Струга – 67
Велес – 86
Битола – 20
Охрид – 15
Кавадарци – 5
Гостивар – 17
Гевгелија – 4
Струмица – 2
Крива Паланка – 5
Радовиш – 4
Крушево – 3
Кочани – 31
Пробиштип – 2
Кичево – 2
Неготино – 9 (*7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Демир Хисар – 1
Македонски Брод – 2
Пехчево – 2
Делчево – 1
Валандово – 1
Виница – 2
Кратово – 1

Направените 292 теста се преку ИЈЗ – 170, преку Ветеринарен факултет – 23, преку „Авицена“ – 10, преку „Биотек“ – 30, преку Клиниката „Филип Втори“ (Жан Митрев) – 23, „Систина“, со PCR метода, – 12 и преку МАНУ – 24. Досега во земјата се направени вкупно 17.836 тестирања на ковид-19.

Во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби е примен еден пациент, а вкупно се хоспитализирани 42. На кислородна поддршка се 15, а на механичка вентилација се тројца пациенти.

Во ГОБ „8 септември“ се примени пет нови пациенти, а вкупно се хоспитализирани 17. На респираторна машина е еден пациент, а уште четворица имаат потешка клиничка слика.

Во болницата во Битола се лекуваат тројца пациенти, а на домашно лекување се следи еден пациент. Во болницата во Штип се хоспитализирани вкупно четворица, а уште тројца се следат на домашно лекување. На инфективните одделенија во Прилеп, во Велес, во Куманово, во Охрид и во Тетово се хоспитализирани 54 позитивни и суспектни на ковид-19.

Дневен биланс Коронавирус Македонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026
ФОКУС
April 28, 2026

Доаѓа време на вистина, правда и одговорност – прес конференција на претседателот на СДСМ, Венко Филипче  

ВЕСТИ April 28, 2026

 Премиерот Христијан Мицкоски многу сака да ја негира реалноста, да ја прикаже поинаку, ама очигледно…

Вајц: Македонија може да изгуби 47 милиони евра ако не ги спроведе реформите

April 27, 2026

Вашингтон: Успешен инженер и наградуван наставник пукал на вечерата на Трамп

April 26, 2026

Иран му се заблагодари на Пакистан, а потоа повлече линија: Нема договор без прекин на блокадата

April 25, 2026
ТИКЕР

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.