Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Борисов: Ги поддржуваме Македонците, но нека не си поставуваат невозможни услови

0
By Нова ТВ on May 7, 2020 ВЕСТИ
Фото: mbs.news
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, May 7, 2020 11:36

Ние кажавме кои се нашите услови за Република Северна Македонија да биде примена во Европската унија, изјави бугарскиот премиер Бојко Борисов на министерскиот совет вечерва по Самиот ЕУ-Западен Балкан. Тој притоа потсетил дека Бугарија прва ја поддржала Македонија за членство во НАТО, изрази задоволство што Договорот за добрососедство влезе во Декларацијата од Самитот ЕУ – Западен Балкан и потсети дека при евентуална отстапка од него, неговата земја може да стави вето во било кое поглавје од преговарачкиот процес на Македонија со Европската Унија.

„Што да им кажеме на крајот, дека сме Македонци? Ние ги сакаме, ги почитуваме и би им дал најбратски совет – да не си поставуваат невозможни услови, рекол Борисов.

Ваквиот негов одговор дојде по прашањето од бугарски новинар „врз која основа ги поддржуваме кога велат ако треба да се откажеме од јазикот, подобро да не влегуваме во ЕУ“

„Тоа е нивно право, ние не го коментираме. За време на наши предизборни кампањи какви сè работи не слушавме за Турција, но натежна добрососедството. Ние сме европска држава и работиме по европски терк, а тоа е да работиш според документи. И кога 27 држави ќе поддржат документ во кој спроведувањето на Договорот за добрососедство е наведено како услов, ние сме ја завршиле нашата дипломатска работа. Ако некој отстапи од тој документ, при секое поглавје Бугарија може да го блокира. Затоа, како што им реков, зависи од вас. Нашето пријателство и братство го покажавме кога требаше да им дадеме поддршка. Ние кажавме какви се нашите услови за да бидат примени во Европската Унија. Тоа не е (по) желба, ако нешто не ти се допаѓа, никој не те кани. Немаме тема. Ако сакаат“, истакна бугарскиот премиер.

Дел од обраќањето на македонскиот премиер Оливер Спасовски пред лидерите на ЕУ и на Западен Балкан се однесуваше токму на догововорите со Бугарија и со Грција при што нагласи дека треба да се почитуваат подеднакво од двете страни,

„Подготвени сме за следните чекори и ќе работиме посветено со Комисијата и Советот на ЕУ за што поскоро да ја закажеме првата меѓувладина конференција која ќе го означи практичниот дел од преговарачкиот процес согласно новата методологија. Би сакал во оваа прилика уште еднаш да ве уверам дека Северна Македонија ќе остане посветена на фундаменталните реформи и ќе продолжи да придонесува за европската безбедност. Преспанскиот договор со Грција и Договорот за пријателство со Бугарија се нашиот влог во идната заедничка европска иднина при што ќе биде од исклучително значење да продолжиме да ги спроведуваме со добра волја подеднакво од наша страна како и од страна на засегнатите земји членки, истакна Спасовски.

Бојко Борисов Бугарија ЕУ Македонија поддршка преговори
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.