Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Жбогар и Спасовски со едноминутен молк им оддадоа почит на жртвите од ковид-19

0
By Нова ТВ on May 9, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, May 9, 2020 15:05

Евроамбасадорот во земјава Самуел Жбогар и техничкиот премиер Оливер Спасовски со едноминутно молчење им одадоа почит на жртвите од коронавирусот во земјата. Настанот пред ГОБ „8 септември“ беше во организација на Делегацијата на Европската Унија во Македонија и почна со кревање на македонското знаме и на ЕУ во рамки на одбележувањето на 9 мај – Денот на Европа.

На настанот се обрати премиерот Оливер Спасовски кој истакна дека денес имаме силни и големи причини за славење, да ја славиме големата идеја за Европа.

„Граѓаните на нашата земја го направија изборот и тие се горди на својот избор. Ја избравме иднината, иднината на Европската Унија затоа што е изградена на вредности во кои веруваме и кои ги практикуваме и ние. Ние припаѓаме на европското семејство, формално се уште не сме дел од ЕУ, но го почнавме патот“, рече Спасовски.

Тој упати благодарност до сите земји членки на ЕУ и до амбасадорот Жбогар во координирањето на помошта што ја добивме од ЕУ и за постојната, како што посочи, континуирана 24 часовна соработка со нашето семејство ЕУ.

„Република Северна Македонија во последните три години реши сериозно да заврти нови страници во својата истроија. Излеговме од длабока политичка криза и ги возобновивме демократските инситутиции и владеењето на правото. Испорачавме конкретни и одржливи резултати во спроведувањето на ЕУ поврзаните реформи и во добрососедските односи. Станавме 30 членка на НАТО и оваа година ги започнуваме пристапните преговори за членство во ЕУ. Следните чекори се подготвени и ќе работиме посветено со Европската Комисија и Европскиот Совет што поскоро да ја закажеме првата меѓевладина конференција која ќе го означи практичниот дел од преговарачкиот процес согласно новата методологија“, истакна премиерот.

Со тоа, додаде, ја ставаме нашата земја на експресниот пат за членство во ЕУ што е наш концепт, концепт заснован на заедничките основни верувања и убедувања за слободата, за демократијата и човековите права, за пазарната економија како и за остварување на фер можности врз темелите на солидарноста.

„Новиот коронавирус предизвика пустош и нè соочи со несогледливи предизвици, но донесе и нешто позитивно. Јасно покажа дека европскиот контитент има заедничка судбина. Начинот на справувањето со заразата покажа дека споделуваме иста политичка култура и пракса и го истакна и високото ниво на социо-економска меѓузависност меѓу ЕУ и земјите од Западен Балкан кои имаат силна и непоколеблива намера еден ден да бидат рамноправни членки на Унијата“, рече Спасовски, додавајќи дека земјава во овој корона период се уверила оти ЕУ ја сподели грижата и помошта со нашата земја, како да сме веќе членка во европското семејство.

Евроамбасадорот Самуел Жбогар посочи дека ЕУ конечно ја води иницијативата за собирање средства за развивање на вакцина за Ковид-19 која ќе биде достапна за секого во светот, по пристапна цена.

„Тешките времиња нè учат лекции, но исто така го изнесуваат најдоброто од нас, најдоброто во нашето општество, најдоброто од човештвото. Ова е причината зашто денеска го одбележуваме денот на Европа овде пред ГОБ „8 Спетември“ како претставник на сите здравствени институции“, рече Жбогар кој им се заблагодари на жените и мажите кои се во првите борбени редови во борба против пандемијата и Денот на Европа го посвети на нив.

Додаде дека од оваа криза излегуваме заедно – актуелните и идните земји членки на ЕУ и ќе научиме од суштинската европска вредност, а тоа е солидарноста.

ГОБ „8 септември“ Ден на Европа ЕУ знамиња Македонија Оливер Спасовски Самуел Жбогар
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.