Вкупно 31 лице не ја почитувало забраната за движење во изминатото деноноќие од кои 25 се приведени, а од останатите шест се земени податоци и ќе следуават соодветни казни, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).
Од МВР и информација дека се регистрирани 23 лица кои ја прекршиле мерката за задолжително носење заштитна опрема. Во последните 24 часа на територијата на Македонија се издадени решенија за изолација на 81 лице, додека изјави за самоизолација потпишале 113 граѓани.
Од страна на полициски службеници се извршени контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што не се евидентирани лица кои ги прекршиле мерките, стои во соопштението.