Возачките дозволи и пасошите на граѓаните чиј рок е истечен во време на вонредната состојба ќе важат до 31 јули, порача Министерството за внатрешни работи (МВР).
Во дописот на МВР се вели дека ова се базира на Уредбите со законска сила на Владата од 12 мај за продолжување на важноста на документите со изминат рок во услови на вонредна состојба.
До крајот на јули, нагласуваат од МВР, граѓаните ќе нема потреба да вадат нови возачки дозволи и пасоши, освен доколку сакаат да го сторат тоа за што службите им стојат на располагање.