НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Франција пријави прв смртен случај на дете со симптоми на болеста Кавасаки

0
By Нова ТВ on May 15, 2020 СВЕТ
Фото: estrepublicain.fr
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во Франција е забележан прв смртен случај на деветгодишно дете со слични симптоми на болеста Кавасаки, опишана кај млади пациенти кои биле во контакт со коронавирусот. Момчето, кое починало од „невролошко оштетување поврзано со срцев удар“, имало „серологија што покажува дека било во контакт“ со коронавирусот, но не ги развил синдромите на ковид-19, соопшти професорот, Фабрис Мишел, шеф на одделот за детска реанимација на болницата „Ла Тимоне“ во Марсеј, потврдувајќи ги информациите од регионалниот весник „Ла Прованс“.

Од 1 март, во Франција се идентификувани 125 случаи на атипични форми на синдромот Кавасаки. Погодените деца, претежно од африканско потекло, биле заразени со САРС-КоВ-2 и имаат просечна возраст од осум години. 

Научни педијатриски друштва испратија предупредување, а повеќе од пола од случаите (58 отсто) се пријавени во регионот на Ил де Франс. Слични синдроми се пронајдени и кај деца во Италија, во Шпанија, во Швајцарија и во САД.

Американските власти вчера издадоа предупредување до здравствените работници за ретката, но потенцијално фатална воспалителна болест која ги погодува децата и евентуално е поврзана со ковид-19. Наречен мултиинфламаторeн синдром кај деца (МИС-Ц) од страна на американските центри за превенција и контрола на болести, болеста за прв пат е пријавена кон крајот на април во Велика Британија.

Симптомите се значително влошување на општата состојба, треска, конјунктивитис, суви усни, осип, големи лимфни јазли во вратот, без да бидат присутни во исто време. Сите овие деца и адолесценти имаат голем воспалителен синдром и воспаление на неколку органи кои бараат хоспитализација, со неможност за утврдување на дијагноза, како и изложеност на ковид-19 или потврда на болеста кај пациентот. Развојот на овие пациенти досега беше поволен во повеќето случаи.

Како и случаите откриени во Обединетото Кралство, поголемиот дел од овие деца или адолесценти се од Африка, од Антилите или од Северна Африка, што укажува на веројатна генетска патека, забележуваат лекарите. „Направено е барање до Националната комисија за заштита на податоците да може да се побарано нивното етничко потекло, кое е чувствително прашање во Франција“.

За да се објаснат овие атипични симптоми, „истражени се две хипотези: генетскиот пат поврзан со прекумерен имунолошки одговор што доведува до воспаление и патогена патека со проучување на вирусните видови утврдени во случаите Кавасаки“,  објаснува професорот Александре Бело, ревматолог-педијатар во болницата Жена-мајка-дете во Лион и истражувач кој раководи со советот на овој регистар кој ги идентификува сите овие случаи на Кавасаки.

Според научниците, остануваат многу прашања во врска со овие атипични клинички слики, што се чини дека одговараат на пост-инфективен синдром на ковид-19. Сепак, овие случаи се многу ретки во однос на педијатриската популација.

Кавасаки Синдром Франција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.