НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Јавниот превоз од понеделник од 5 до 19 часот, Жичницата на Водно останува затворена

0
By Нова ТВ on May 15, 2020 ПОЛИТИКА
Фото: jsp.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Од понеделник (18 мај) се укинува двократниот режим во јавниот превоз и автобусите ќе сообраќаат непрекинато од 5 до 19 часот. Автобусите на ЈСП Скопје и на приватните превозници ќе продолжат по саботен возен ред кој е објавен на веб-страницата на претпријатието. Исклучок од ова се линиите 9, 19, 20 и 23 кои ќе возат по редуциран делничен возен ред.

ЈСП Скопје потсетува дека и натаму не важат бесплатните средношколски и студентски билети, како и бесплатниот превоз за возрасни лица (жени со 62 години и мажи со 64 години) во вторник, во петок, во сабота и во недела.

Од понеделник ќе почнат да работат и сите билетарници на ЈСП Скопје и центри за персонализација. Од 6 до 17 часот ќе работат билетарниците на Транспортен центар, во ГТЦ, кај Пошта, во Аеродром, во Ѓорче Петров, во Ново Лисиче, спроти ТЦ Буњаковец, кај Зелен пазар, кај пазарот во Бутел, во Маџари, во Кисела Вода, во Драчево, како и билетарниците кај ЈСП Дирекција, во населба Даме Груев, во Сарај, кај Дом на печат и во Карпош 4.

Во истиот период ќе работат и центрите за персонализација во Автокоманда (кај Шумарски факултет), во Аеродром, во Карпош 2, на Бит-пазар и на Транспортен центар.

Од 6 до 13 часот ќе бидат отворени билетарниците кај старото кино во Бутел, во Лисиче, во Радишани и во Железара. Во истиот период ќе бидат отворени центрите за персонализација во Влае и во просториите на ЈСП Турс (Градски ѕид).

Услугите може да се купат и на сто локации (трафики, маркети) кои се дел од продажната секундарна мрежа на ЈСП Скопје. И натаму се укинати трите автобуски линии (25, 25 А и 25 Б) што сообраќаат до Средно Водно, туристичката линија „Сити тур“, а нема да работи и жичарницата.

ЈСП Скопје апелира рационално да се користи јавниот превоз и задолжително да се носи заштитна опрема при користење на превозот согласно со уредбите за заштита од ковид-19.

автобуси Билетарници Водно возен ред Жичница ЈСП работно време
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.