НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Едно починато лице, 16 излекувани, 22 новозаболени од ковид-19 за 24 часа

0
By Нова ТВ on May 16, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Едно починато лице, 16 излекувани и 22 новозаболени е билансот на ковид-19 во земјата за последните 24 часа, истакнуваат од Министерството за здравство (МЗ). Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Скопје на 79 годишна возраст која била хоспитализирана како сомнителна на коронавирусот на 13 мај, а два дена подоцна била потврдена како позитивна.

Според МЗ на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) денеска се регистрирани 16 оздравени пациенти и тоа во Скопје – 8, во Прилеп – 2, во Струга – 2, во Велес – 2, во Гостивар – 1 и во Кратово – 1.

Во изминатите 24 часа се направени 462 тестирања, при што се регистрирани 22 нови случаја на ковид-19 и тоа во Скопје – 9, во Куманово – 1, во Прилеп – 4, во Тетово – 6, во Велес – 1 и во Охрид – 1.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.762, бројката на оздравени пациенти е 1.267, на починати е 98, а бројот на активни случаи во земјата во моментот изнесува 397. Последната дистрибуција по градови е следна:

Скопје – 601, активни 134
Куманово – 414, активни 44
Дебар – 51, активни 0
Штип – 35, активни 1
Прилеп – 197, активни 65
Тетово – 137, активни 74
Струга – 69, активни 4
Велес – 114, активни 48
Битола – 26, активни 7
Охрид – 18, активни 3
Кавадарци – 5, активни 0
Гостивар – 19, активни 2
Гевгелија – 4, активни 0
Струмица – 2, активни 0
Крива Паланка – 6, активни 2
Радовиш – 4, активни 0
Крушево – 3, активни 0
Кочани – 31, активни 4
Пробиштип – 2, активни 0
Кичево – 2, активни 0
Неготино – 9, активни 5 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Демир Хисар – 1, активни 0
Македонски Брод – 2, активни 0
Пехчево – 3, активни 1
Делчево – 1, активни 0
Валандово – 1, активни 1
Виница – 2, активни 0
Кратово – 2, активни 1
Берово – 1, активни 1

Направените 462 теста се преку ИЈЗ – 203, преку Ветеринарен факултет – 16, преку „Авицена“ – 10, преку „Биотек“ – 35, преку Клиниката „Филип Втори“ (Жан Митрев) – 94, преку „Систина“ со PCR метода – 4 и преку МАНУ – 100. Досега во земјата се направени вкупно 21.010 тестирања на ковид-19.

Од вкупниот број на направени тестови во изминатото деноноќие, 171 отпаѓа на скринингот од градинките. Преку ИЈЗ се тестирани 80 лица од Битола, а преку МАНУ е тестирано 91 лице од Скопје и сите се негативни.

Во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби се примени шест пациенти, од кои четворица се префрлени од ГОБ „8 септември“, а една пациентка е префрлена од Клиниката за гинекологија. Во моментот вкупно се хоспитализирани 46. На кислородна поддршка се 20, а на механичка вентилација се двајца пациенти.

Во ГОБ „8 септември“ се примени осум нови пациенти, а вкупно се хоспитализирани 23. На респираторна машина се шест пациенти и уште двајца имаат потешка клиничка слика.

Во болницата во Битола се хоспитализирани четири лица со ковид-19, на домашно лекување се следат уште двајца пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани вкупно четворица, нема пациенти кои се следат на домашно лекување. На инфективните одделенија во Тетово, во Велес, во Куманово, во Охрид и во Прилеп се хоспитализирани 48 пациенти, позитивни и сомнителни на ковид-19.

Дневен биланс Коронавирус Македонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.