Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковид-19 биланс: Тројца починати, осум излекувани, 25 новозаболени, 16 во Скопје

0
By Нова ТВ on May 18, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, May 18, 2020 14:40

Тројца починати, осум излекувани и 25 новозаболени лица е дневниот биланс на ковид-19 во земјата во последните 24 часа, информираат од Министерството за здравство (МЗ). На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациентка од Куманово на 60 годишна возраст која била хоспитализирана на 27 април. Во ГОБ „8 септември“, пак, починаа пациент од Струга на возраст од 59 години кој бил примен на 16 мај и пациент од Скопје на возраст од 51 година кој бил хоспитализиран на 4 мај.

Министерството за здравство информира дека Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) регистрира осум оздравени пациенти од кои седум во Скопје и еден во Прилеп.

Во изминатите 24 часа се направени 286 тестирања, пришто се регистрирани 25 нови случаи на ковид-19 и тоа во Скопје – 16, во Тетово – 4, во Струга – 1, во Велес – 2 и во Охрид – 2.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.817, бројката на оздравени пациенти е 1.301, на починати е 104, а бројот на активни случаи во земјата во моментот изнесува 412. Последната дистрибуција по градови е следна:

Скопје – 628, активни 152
Куманово – 416, активни 31
Дебар – 51, активни 0
Штип – 36, активни 2
Прилеп – 200, активни 63
Тетово – 147, активни 79
Струга – 70, активни 4
Велес – 121, активни 50
Битола – 27, активни 8
Охрид – 21, активни 6
Кавадарци – 5, активни 0
Гостивар – 19, активни 2
Гевгелија – 4, активни 0
Струмица – 2, активни 0
Крива Паланка – 6, активни 2
Радовиш – 4, активни 0
Крушево – 3, активни 0
Кочани – 31, активни 4
Пробиштип – 2, активни 0
Кичево – 2, активни 0
Неготино – 9, активни 5 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Демир Хисар – 1, активни 0
Македонски Брод – 2, активни 0
Пехчево – 3, активни 1
Делчево – 1, активни 0
Валандово – 1, активни 1
Виница – 2, активни 0
Кратово – 2, активни 1
Берово – 1, активни 1

Направените 286 теста се преку ИЈЗ – 165, преку Клиниката „Филип Втори“ (Жан Митрев) – 3, преку „Систина“ со PCR метода  -18 и преку МАНУ – 100. Досега во земјата се направени вкупно 21.722 тестирања на ковид-19.

Од вкупниот број на направени тестови во изминатото деноноќие, 124 се направени во рамките на скринингот во градинките и сите се негативни.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни во изминатите 24 часа се примени двајца нови пациенти, хоспитализирани се вкупно 48 пациенти. На механичка вентилација се две лице, 23 се потешко болни и на кислородна поддршка.

Во ГОБ „8 септември“ се примени седум нови, а вкупно се хоспитализирани 20 пациенти. На респиратор се шест пациенти, со потешка клиничка слика се уште двајца.

Во болницата во Битола се хоспитализирани седум лица со ковид-19, на домашно лекување се следат уште двајца пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани четворица пациенти, нема пациенти кои се следат на домашно лекување. На инфективните одделенија во Тетово, во Велес, во Куманово, во Охрид и во Прилеп се хоспитализирани 47 пациенти, позитивни и сомнителни на ковид-19.

Дневен биланс Ковид-19 Македонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.