Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Неодговорните“ Хрвати и одговорните Македонци

0
By Нова ТВ on May 19, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, May 19, 2020 10:17

„Никој со сигурност не знае што ќе се случува во текот на есента или зимата. Сметаме дека сега е соодветен момент кога имаме можност да излеземе на избори (…) Подобро е да одиме на избори кога знаеме дека епидемијата е смирена, отколку да бидеме во ситуација кога би имале нов значителен бран на епидемија. Tогаш би биле во ситуација да носиме важни одлуки, но не би биле сигурни дека може да организираме избори во услови во кои сите имаат еднакви шанси”. Иако аргументите се идентични, ова, сепак, не е изјава на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, туку на хрватскиот премиер и лидер на ХДЗ, Андреј Пленковиќ, дадена на денот на распуштањето на хрватскиот парламент (18 мај), со цел на крајот од јуни или почетокот на јули да се спроведат парламентарни избори во Хрватска.

Бучковски: Срам да ви е!

Аргументите поради кои Хрватска брза да спроведе избори што поскоро важат и за Северна Македонија, особено што земјава еднаш веќе ги одложи изборите поради пандемијата на ковид-19. Земјата пет месеци функционира со техничка влада и четири месеци со распуштен парламент. И покрај тоа, на вчерашната лидерска средба не беше постигнат консензус за датум за избори. Поранешниот македонски премиер, Владо Бучковски, е фрапиран од вакиот исход на лидерската средба и го посочува токму примерот со Хрватска.

„Во Хрватска, која имаше функционален Парламент (Сабор), вчера имаше распуштање, поради брзи избори на крајот на јуни или почетокот на јули. Се бега од редовниот термин за изборите наесен, заради најавите на нов бран на пандемијата. Гласаа и власта и опозицијата. Кај нас, без функционален парламент, сè уште нема договор за избори. Како да се коментира ваква незрела одлука? – Се трудам да најдам соодветни зборови, но не успевам. За жал имаме политичар(и) кои повеќе водат грижа за својата политичка кариера, отколку за интересите на државата. Срам да Ви е“, коментира резигнирано Бучковски.

Владата на Пленковиќ по распишувањето на изборите ќе функционира како техничка, но ќе ги има сите важни економски лостови во свои раце, па и во случај на финансирање на нови мерки за помош на стопанството, преку пронаоѓање додатни заштеди на расходната страна на буџетот. Единствениот услов кој ќе мора да го задоволи, е да не го зголеми дефицитот на државниот буџет, бидејќи во таков случај, за да може да носи уредби со законска сила, ќе мора да биде прогласена вонредна состојба со копотпис на претседателот на државата, Зоран Милановиќ.

Изборите се единствен излез

Во Северна Македонија е многу покомплицирано. Бидејќи парламентот е распуштен, за да може техничката влада да носи уредби со законска сила, претседателот на државата би требало постојано да прогласува нови и нови „тури“ на вонредна состојба. Одржлива ли е таквата состојба во неопределен рок и кон што води? – Поранешната уставна судијка, Наташа Габер Дамјановска, посочува дека Уставот не уредува – што во ваква состојба.

„Мислам дека актуелно главниот проблем се состои во тоа што во претходно определените и договорени чекори – распуштање на Собранието и организација на избори со следење на изборниот календар – се случи пандемијата со ковид-19, па среде однапред зацртаните рокови и дејствија, од објективни причини се прогласи вонредна состојба чие времетраење се продолжи три пати. Уставот детално не уредува што би се случило во ваква состојба, освен дека „мандатот на пратениците во Собранието може да се продолжи само во случај на воена или вонредна состојба“. Тоа во конкретниот случај не помага многу, со оглед на тоа што не е јасно дали ова важи само за периодот на „полн“ легимитет кога Собранието активно работи или тука се вклопува и периодот кога тоа е распуштено”, вели Габер.

Но, потенцира дека интерпретациите за недоволната нормативна покриеност не би требало да претставуваат основа за креативно промовирање на тесно политички интереси, туку дека треба да надвладее свеста за општото добро.

„Ако се водиме од генералниот интерес на јавноста во моментот, би требало Собранието да биде во состојба да ја оствари својата активна улога, особено во вакви кризни моменти, бидејќи законодавното тело во секој политички систем е она кое поседува највисок легитимитет, затоа што произлегува директно од волјата на народот (е претставнички орган на граѓаните). Верувам дека со добра волја, вооружени со разум и логика, може да се најде излез од оваа состојба, онаква како наликува на едно демократско општество. Бидејќи е очигледно дека со оглед на ситуацијата не е можно актуелното Собрание повторно да се состане, од интерес на целокупното општество е да постои функционално Собрание и власт, со нова на избори потврдена полна легитимност (а преку него и новата власт) за да може ефикасно да се справи со актуелната криза. Затоа е потребно што поскоро да се организираат избори со примена на сите здравствени предострожности кои ги наложува ситуацијата”, оценува Габер.

Ако и во наредните денови не се постигне партиски консензус за изборен датум, тогаш по завршувањето на вонредната состојба (доколку не се прогласи нова), продолжуваат да течат изборните рокови. Ако вонредната состојба дефинитивно заврши на 30 мај, согласно со законските рокови, а не според партиските желби, изборите треба да се одржат на 21 јуни.

избори Македонија Хрватска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.