Бразил се искачи на третото место во светот во однос на бројот на заразени со новиот коронавирус што досега го држеше Велика Британија.
Бројот на заболени во Бразил се зголеми за 13.140 и достигна 254.220, додека во Велика Британија се регистрирани 247.706 случаи на инфекција, покажуваат податоците на универзитетот „Џон Хопкинс“.
Во изминатото деноноќие од ковид-19 во Бразил починаа 674 луѓе, со што билансот на смртни случаи во земјата сега е 16.792 лица. Бразил е на шесто место во светот по бројот на починати.
Државата Сао Паоло е епицентарот на епидемијата на коронавирусот во Бразил, како и нејзиниот главен град Сао Паоло во кој живеат повеќе од 21 милиони луѓе.