Екипите на противпожарната бригада и на на МВР го извлекоа автомобилот од водите на Вардар кај болницата „Систина“.
Автомобилот е од типот Фолксваген Поло и во него немало луѓе. Превртеното возило во реката во близина на пешачкиот мост кај „Систина“ го забележал случаен минувач и веднаш пријавил во полиција.