НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковид-19 на Рамазан Бајрам: Баклава и слатки во најтесен круг на семејството

0
By Нова ТВ on May 24, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По триесетдневен пост, верниците од исламска вероисповед денеска го слават Рамазан Бајрам. Честитките за овој верски празник почнуваат по завршување на Бајрамската молитива која оваа година како резултат на пандемијата со ковид-19 ќе се одвива под мерки и упатства дадени од страна на здравствените власти за носење на заштитна маска и почитување на физичка дистанца од минимум 1,5 метар.

Слични препораки до имамите и советите на џамиите упати и Исламската верска заедница (ИВЗ), која донесе одлука оваа молитва годинава да не трае повеќе од 15 минути, односно при присуство во џамиите верниците да ги почитуваат дадените упаства. Како првевенција од ширење на коронавирусот и почитување на физичката дистанца, за Бајрамската молитва се апелираше да се користат дворовите на џамиите.

Ограничено време за честитки на Рамазан Бајрам

Баклавата и слатките кои се синоним за Рамазан Бајрам, оваа година се очекува да се служаат само на потесниот дел од семејството. Пандемијата со ковид-19, стравот кај верниците за проширување на коронавирусот и одлуката на Владата за полицискиот час денеска да почне во 11 часот ќе бидат главна пречка за посети на поширок круг на роднини и пријатели. Освен здравствените институци, и имамите и оџите упатија апел до верниците за редуцирање на бројот на посети на овој голем ден за муслиманите, се со цел да се заштити здравјето на граѓаните.

Бајрамска молитва во Косово ќе нема, во Албанија да

Како во време на месецот Рамазан, така и за Бајрамската молитва, џамиите во соседно Косово нема да бидат отворени. Муслиманите таму, за разлика од другите години, молитвата за Фитр Бајрам ќе треба да ја прават дома. Реисулот на ИВЗ на Косово, Наим Трнава на последната средба со Министерот за внатрешни работи, Џелал Свечла, изјави дека тие како најголема верска заедница ќе ги почитуваат мерките за побрзо надминување на епидемијата од ковид-19.

Во Албанија, пак, долгогодишната традиција на извршување на Бајрамската молитва на главниот плоштад на Тирана, оваа година нема да се реализира. Верниците од исламската вероисповед оваа молитва прв пат по многу години, Бајрамската молитва ќе ја вршат внатре во џамиите.

Турција и Саудиска Арабија во „Бајрамски карантин”

Светите муслимански места Мека и Медина во Саудиска Арабија по многу векови, молитвата на Рамазан Бајрам ќе ја обавуваат без вообичаното присуство на поголем број верници. Освен забраните за странски лица да патуваат во оваа земја, саудиските власти донесоа одлука од 23 до 27 мај да се воведе целосен карантин. Минатата година бројот на верници кои одлучија да го прослават празникот Рамазан Бајрам во овие две свети места надмина над еден милион.

Забрана за одвивање на Бајрамската молитва донесе и Дијанетот на Турција. Во нивното соопштение до јавноста се вели дека иако нема да има верници во џамиите, од минарињата на џамиите ќе се слушаат молитви и текбири (величење на Алах) на разглас.

Ковид-19 Мкаедонија молитва Рамазан Бајрам џамија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.