НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шекеринска: Избори час поскоро, државата треба да функционира како часовник

0
By Нова ТВ on May 28, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Час поскоро и пред почетокот на летните месеци да ги организираме изборите кои треба да овозможат функционирање на државата и институциите со целосен капацитет, порача денеска министерката за одбрана и потпретседател на СДСМ, Радмила Шекеринска.

„Мојот став е дека избори треба да организираме час поскоро затоа што ни треба држава и институции со полн капацитет за да им помогнеме на фирмите да преживеат, да им помогнеме на граѓаните кои ќе бидат во потешка  социјална и економска ситуација, ни требаат закони, ни требаат пари и од странство, а за сите тие работи ни треба функционално Собрание. Мојот став е час поскоро и дефинитивно пред почетокот на летните  месеци треба да ги организираме  изборите“, изјави Шекеринска при посетата на касарната во Кичево.

Секоја политичка партија која посакува државата да функционира како демократска, потенцираше, треба да ја прифати оваа аргументација.

„Ова не го правиме за себе, ние сите сме министри и би требало ние да сакаме-ајде уште малку да ни продолжи мандатот, а опозицијата да вели ајде побрзо на избори. Меѓутоа,  имам чувтство дека дел од опозицијата ги смета своите шанси за победа мали, дека смета дека ако се одложат избори оти тоа ќе се промени. Ова не се избори кои треба да бидат по „ќеифот“ ниту на СДСМ, ниту на ДПМНЕ, туку ова се избори што треба да и овозможат на оваа држава да функционира како часовник, а не да функционира со половина капацитет“, нагласи Шекеринска.

Нејзиниот став, потенцираше, го кажува како министер во Влада која не сака државата да биде со половични институции.

„Ние сме денеска со половични институции, во услови на се уште постоечки кризи во светот од епидемијата, економски, а не функционира Собранието. Тоа може  да трае месец, два, три, но не може да трае предолго. Ниту една власт којашто е демократска не посакува да егзистира без контрола. Кога немате Собрание вие немате законодавна контрола врз извршната власт“, потенцираше Шекеринска.

избори Кичево Радмила Шеќеринска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.