Министерството за внатрешни работи (МВР) информира дека се регистрирани 562 прекршока за неносење маска во изминатото деноноќие, бројка која од ден во ден е поголема во полициските билтени по олабавувањето на рестриктивните мерки.
Во текот на изминатото деноноќие во земјата се издадени 264 решенија на лица за изолација, а 52 лица потпишале изјави за самоизолација.
Од страна на полициски службеници се извршени контроли кај лица во изолација и самоизолација при што е евидентирано по едно прекршување на двете мерки.