Околу 100 нови случаи со коронавирус се потврдени во изминатите 24 часа, но сè уште се работат и други земени брисеви, цитира МИА извори од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).
Истите извори посочија дека најголем број од новодијагностицираните со ковид-19 се лица од Скопје.
Поради големиот број заразени, се очекува Комисијата за заразни болести да одржи состанок во проширен состав.