НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кривична пријава за угостителскиот објект во кој беше Мицкоски

0
By Нова ТВ on June 4, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски информира против угостителскиот објект во кој вчеравечер беше затекнат лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски е поднесена прекршочна постапка за спречување на службени лица да вршат службени дејствија согласно член 205 и 206 од уредбата на Владата.

Првиот човек на Инспекторатот истакна дека на двајца инспектори кои вчера вршеле надзор во угостителскиот објект каде беше затекнат и лидерот на опозицијата не им било дозволено да направат контрола во внатрешноста. Тие, како што појасни, биле во рутинска контрола, но кога не им бил дозволен влез внатре во објектот, се посомневале по што викнале уште двајца колеги, а подоцна и раководителот на Одделението во Скопје.

Пауновски нагласи дека не постои селективност во постапувањето и оти она што го интересира Пазарниот инспекторат се правните лица, а не и физичките лица кои се затекнати во објектот.

„Како Инспекторат постапуваме само против правните лица кои не ги почитуват протоколите. Физичките лица ниту не интересираат, ниту ги легитимираме. Единственото нешто што ги интересирало инспекторите е зошто не се отворало“, рече Пауновски на денешната прес-конференција во Владата.

Апелираше да се остават инспекторите да ја вршат својата работа и да не се ставаат во политичка конотација.

„Оставете ги инспекторите да ја вршат својата работа. Да не се вплеткуваат во политички игри. Она што некој сака да го стави во контекст на политиката дека како Пазарен инспекторат сме инсталација на власта не е точно. Единствениот во Пазарниот инспекторат кој е инсталиран од власта сум јас. Сите вработени во Инспекторатот се наследени од претходните власти. Затоа апелирам оставете ги инспекторите да ја врашт работата“, истакна Пауновски.

Од четвртокот наваму Државниот пазарен инспекторат има поднесено 28 кривични пријави и 38 прекршочни пријави. Затекнати се и 47 даночни нерегистрирани даночни обврзници од областа на угостителството. Најмногу прекршувања има во Скопје, во Куманово, во Тетово, во Гостивар и во Струга. Од скопските општини најмногу прешувања се евидентирани во Чаир.

Државен пазарен инспекторат Кривична пријава Стојко Пауновски угостителски објект Христијан Мицкоски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.