Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Османи: Добиваме преговарачка рамка, потребен е државен консензус за ЕУ

0
By Нова ТВ on June 8, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, June 8, 2020 11:36

Во наредните два дена се очекува земјава да добие нацрт верзија на преговарачката рамка што ќе биде доставен на разгледување и до земјите-членки во рамки на телата на Советот на Европската Унија. До крајот на месецот, во рамки на хрватското претседателство, се очекуваат и првичните ставови на членките на ЕУ по што процесот продолжува во рамки на германското претседателство, најави вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи на денешната прес-конференција. Притоа апелира за изградба на општествено-политички консензус за приоритет на европските интеграции како наднационален, надпартиски, стратешки интерес на државата и сите граѓани.

Османи додаде дека нацртот на преговарачката рамка ќе биде проследен и со мини извештај за состојбите и напредокот на земјава и ќе биде предаден на телото составено од амбасадорите на земјите-членки во Брисел наречен КОРЕПЕР, а потоа оваа нацрт преговарачка рамка ќе биде предадена на КОЕЛА – Комитет за проширување на Советот на ЕУ,  работно тело составено од претставници на сите членки.

Со тоа, како што појасни вицепремиерот, почнува и фактичкото усогласување на самата рамка следејќи ги позициите на земјите-членки. Османи истакна дека усогласувањето на преговарачката рамка за другите земји би требало да трае два до три месеци што значи дека процесот ќе продолжи во рамки на германското претседателство. Тоа, пак, според него е добар сигнал за нас имајќи ја предвид лидерската позиција на Германија во процесот на проширување.

„Тоа е стандардна процедура што ја минале сите земји-членки или земји кои сега преговараат, но тоа што е важно за нас е што означува нов исчекор, ново скалило за почеток на преговорите, односно официјалната прва меѓувладина кнференција што ја очекуваме на есен“, рече Османи.

Исходот од преговорите, како што посочи, сите најдиректно ќе нè засега и затоа, покрај ЕУ, за почеток на преговорите треба да се подготивиме и ние.

„Како главен преговарач со ЕУ, сметам дека постојат прашања за кои ние како општество мора да иницираме дебата и да се договориме за да ја дочекаме подготвени првата меѓувладина конференција и почетокот на преговорите. Тука не сметам на административно-техничката и експертската подготовка. Денеска сакам да порачам дека ни е потребна политичка подготовка. Изградба на општествено политички консензус за приоритет на европските интеграции како наднационален, надпартиски, стратешки интерес на државата и сите граѓани“, истакна Османи.

Повика на градење на заеднички политички и државен консенсуз, со координиран настап на претседателот на државата, во едно инклузивно општество, со вклученост на сите политички субјекти во кој, како што рече, ќе бидат отстранети партиските интереси од процесот на интеграција на земјата во ЕУ.

„Европските интеграции ги издигнуваме како највисок стратешки приоритет на државата, со целосна вклученост на политичките репрезенти без разлика дали доаѓаат од власт или од опозиција. Тука зборувам за што поскоро враќање на целосната функционалност на собраниските тела, на Националниот совет за европски интергации, воден од опозицијата, Комисијата за европски прашања“, рече вицепремиерот.

Оцени оти е потребно создавање консензус со кој ќе се обезбеди широка политичка поддршка за самата преговарачка структура која ќе биде ослободена од можни партиски и политички притисоци во својата работа, и за која ќе создадеме широка доверба.

„Во овој широк општестевн консензус соодветно место ќе најдат академската заедница, бизнис заедницата, граѓанскиот сектор, медиумите. Завршува времето на декларативни заложби, а почнува времето на нивно преточување во реални политики. Процесот на интеграција во ниту еден момент не е запрен, а почетокот на преговорите објективно го очекуваме наскоро“, истакна Османи на прес-конференција пред зградата на СЕП.

Бујар Османи ЕУ консензус Преговарачка рамка
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.