НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хелсиншки комитет: Здравствената криза не смее да се претвори во меѓуетничка

0
By Нова ТВ on June 8, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Хелсиншкиот комитет за човекови права со голема загриженост констатира дека кризната состојба предизвикана од појавата на коронавирусот, деновиве интензивно се прелева на полето на меѓуетничките односи.

„Во првите недели од почетокот на вонредната состојба, дискриминаторските изјави беа насочени кон заболените од Ковид-19, преку барања за објавување на лични податоци, нарушување на правата на пациентите и слични форми на стигматизација. Тензиите предизвикани од рестриктивните мерки постепено се префрлија во сферата на национализмот, за што во голема мера придонесува и фактот што се наоѓаме во предизборен период. За жал, сите апели за солидарност и емпатија во услови на непогода која ги засега сите граѓани, стануваат беспредметни кога на здравствената и економската криза, ќе се надоврзе и криза во меѓуетничките односи“, истакнуваат од Хелсиншки.

За ваквата состојба, според Хелсиншки, придонесоа многу фактори: молкот на институциите пред самоволието на верските авторитети кои постапуваа спротивно на сите препораки за заштита на јавното здравје, функционирањето на државата со техничка влада, селективното медиумско известување и масовното присуство на дезинформации, но и поттикнувањето на говор на омраза на етничка основа од страна на јавни личности.

„Во таа насока, Хелсиншкиот комитет за човекови права денеска поднесе пријава против академик Катица Ќулавкова за нејзината изјава на социјалните мрежи, со која поттикнува нетрпеливост помеѓу етничките заедници. Нејзиниот твит „Цената на соживотот ја плаќаме со животот“ имплицира дека причината за ширењето на вирусот се меѓуетничките односи, а не општо распространетото непочитување на мерките. Имајќи предвид дека во нашата држава доминира говорот на омраза токму на етничка основа, ширењето и поттикнувањето на таквиот говор има посебна тежина, затоа што води кон злосторства од омраза, односно кон распламтување на националистичките страсти. А тие по дефиниција се разорни за ранливото социјално ткиво и имаат потенцијал за да ја нарушат националната безбедност. Особено е опасно кога таквиот говор го применуваат интелектуалци, политичари, новинари и други личности со поголемо општествено влијание“, велат од Хелсиншки комитет.

Иако праксата покажува дека обвинителството и судот речиси никогаш не ги процесираат случаите на говор на омраза, во Хелсиншки сметаат дека е неопходно да се осудат постапките на сите јавни личности кои влијаат кон продлабочување на поделбите и разгорување на омразатa. Истовремено, апелираат до сите граѓани и општествени чинители да покажат повисока свест и одговорност и да не дозволат ескалација на овие исклучително негативни појави.

Здравствена криза Катица Ќулавкова Коронавирус Меѓуетничка криза пријава Хелсиншки комитет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.