Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дневен биланс: Ковид инфекција кај нови 127 лица, тројца починати, седум оздравени

0
By Нова ТВ on June 8, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, June 8, 2020 14:27

Нови 127 случаи на заразени со коронавирусот, тројца починати и седум оздравени е ковид билансот во Македонија за последните 24 часа. Министерството за здравство (МЗ) информира дека во изминатото деноноќие се направени 702 тестирања при што вирусот е детектиран кај 67 граѓани во Скопје, 33 во Штип, 10 во Тетово, шест во Охрид, пет во Струга, по двајца во Пробиштип и во Кочани и по еден во Куманово и во Дебар.

Денеска Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) регистрира седум оздравени пациенти од кои во Скопје – 4, во Тетово – 2, во Гостивар – 1 и три починати лица.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Куманово на возраст од 70 години, кој бил хоспитализиран на 4 јуни и двајца од Скопје, пациент на возраст од 62 години, хоспитализиран на 5 јуни и пациент на возраст од 78 години, хоспитализиран на 2 јуни.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3.152, бројката на оздравени пациенти е 1.653, на починати е 156, а бројот на активни случаи во земјата во моментот изнесува 1.343. Согласно тоа последната дистрибуција по градови е следна:

Скопје – 1332, активни 720
Куманово – 556, активни 139
Дебар – 53, активни 2
Штип – 207, активни 169
Прилеп – 218, активни 27
Тетово – 291, активни 127
Струга – 103, активни 30
Велес – 144, активни 30
Битола – 30, активни 3
Охрид – 37, активни 20
Кавадарци – 6, активни 1
Гостивар – 50, активни 28
Гевгелија – 6, активни 2
Струмица – 5, активни 2
Крива Паланка – 7, активни 1
Радовиш – 4, активни 0
Крушево – 3, активни 0
Кочани – 53, активни 22
Пробиштип – 7, активни 5
Демир Хисар – 1, активни 0
Македонски Брод – 2, активни 0
Пехчево – 3, активни 0
Берово – 2, активни 1
Валандово – 3, активни 2
Виница – 3, активни 1
Делчево – 1, активни 0
Кратово – 3, активни 1
Свети Николе – 3, активни 2
Кичево – 3, активни 1
Неготино – 16, активни 7 (*9 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 702 теста се преку ИЈЗ – 440, преку ЦЈЗ Скопје – 24, преку Клиниката „Жан Митрев“ (Филип Втори) – 91, преку „Систина“ со PCR метода – 66 и преку МАНУ – 81. Досега во земјата се направени вкупно 37.027 тестирања на ковид-19.

Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие, 28 теста отпаѓаат на скринингот во градинки во Кочани и нема позитивни на ковид-19.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа се примени 12 нови пациенти, а вкупно се хоспитализирани 71 пациент. На кислородна поддршка се 39 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во ГОБ „8 септември“ се примени 10 нови пациенти, а вкупно се хоспитализирани 42 пациенти. На респираторна машина се осум лица, a со потешка клиничка слика се уште седум пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 13 пациенти, а на домашно лекување се следат двајца пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 24 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, во Охрид, во Велес, во Куманово и во Прилеп се хоспитализирани 39 пациенти, позитивни и сомнителни на ковид-19.

По општини активни случаи во Скопје заклучно со вчера:

Чаир – 168
Центар – 64
Бутел – 63
Гази Баба – 58
Аеродром – 57
Сарај – 55
Карпош – 45
Кисела Вода – 35
Арачиново – 23
Студеничани – 19
Илинден – 18
Ѓорче Петров – 18
Шуто Оризари – 17
Петровец – 6
Чучер Сандево – 3
Сопиште – 2
Странец – 2

Дневен биланс Коронавирус Македонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026
ФОКУС
April 28, 2026

Доаѓа време на вистина, правда и одговорност – прес конференција на претседателот на СДСМ, Венко Филипче  

ВЕСТИ April 28, 2026

 Премиерот Христијан Мицкоски многу сака да ја негира реалноста, да ја прикаже поинаку, ама очигледно…

Вајц: Македонија може да изгуби 47 милиони евра ако не ги спроведе реформите

April 27, 2026

Вашингтон: Успешен инженер и наградуван наставник пукал на вечерата на Трамп

April 26, 2026

Иран му се заблагодари на Пакистан, а потоа повлече линија: Нема договор без прекин на блокадата

April 25, 2026
ТИКЕР

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.