НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ДКСК ќе „чешла“ кои фирми добиле, а кои биле одбиени за мерки од првиот сет и зошто

0
By Нова ТВ on June 12, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) отворила предмет за првиот сет економски мерки и побарала од Владата документи и податоци за тоа кој добил, а кој бил одбиен и зошто, информираше на денешната прес-конференција претседателката на ДКСК. Билјана Ивановска.

Прашана дали ќе се истражува можен судир на интереси за Кочо Анѓушев, кој како советник во Владата учествува во креирањето на мерките, Ивановска, рече дека тоа е веќе предмет на истражување и до Владата е доставено барање за потребните податоци за предметот кој се однесува за првата мерка, каде што приматели на државната помош се и фирми во добра финансиска кондиција, по пријава од други фирми кои се одбиени.

„Аргумент плус, што го кажувате дека како советник учествува за да добие од друга страна економска корист, затоа што како економски советник може да влијае во утврдувањето на критериумите кои ќе ја формираат мерката. Во таа насока би одело нашето разгледување на предметот“, изјави Ивановска.

Прашањето за ДКСК, посочи Ивановска, е дали се обезбедува отчетност, транспарентнот и право на учество за мерката, односно кои биле критериуми, кој имал право да добива и како биле селектирани фирмите, а второто прашање е дали Кочо Анѓушев како член на тој совет ќе влијае на дефинирање на критериумите кои што ќе ги формираат мерките, за потоа да се јави како корисник на истите.

ДКСК, додаде Ивановска, исто така ќе ги разгледа и информациите за критериумите и доделувањето на одлуката за граѓанските здруженија.

Во однос на останатите мерки, како домашната платежна картичка, Ивановска, рече дека ДКСК укажала дека е неопходно јавно да биде објавена целата листа на сите добитници на тие картички за да се провери дали има системска грешка, како и дека не треба да се повторуваат мерките кои веќе биле исполнети или, да се рекламираат мерки кои нема да се реализираат во догледно време.

„Будно ги следиме сите процеси кои што се случуваат во текот на вонредната состојба, особено кои се од аспект на трошењето на буџетските средства. Ги гледаме сите уредби кои значат зафаќање на Буџетот. Се потрошија многу пари, дали е тоа оправдано или не. Во таа насока се движат нашите анализи“, изјави Ивановска.

Билјана Ивановска ДКСК Економски мерки Кочо Анѓушев Прв пакет проверка фирми
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.