Девет починати лица, што претставува највисока бројка на дневно ниво досега, 162 новозаболени и пет излекувани пациенти е ковид биланс во земјава за последните 24 часа, информираат од Министерството за здравство (МЗ). Во соопштението од таму нагласуваат дека Клиниката „Жан Митрев“ не пријавила тестирања во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) кои доколку, сепак, пристигнат ќе бидат објавени во утрешниот извештај.
Во изминатото деноноќие, според МЗ, се направени 778 тестирања од кои вирусот е детектиран кај 92 лица во Скопје, 32 во Тетово, 14 во Ресен, пет во Дебар, четири во Охрид, по три во Куманово и во Струга, по две во Прилеп и во Гостивар и по едно во Штип, во Гевгелија, во Струмица, во Крива Паланка и во Свети Николе.
Денеска ИЈЗ регистрира пет оздравени пациенти и во Скопје и во Прилеп по двајца и еден во Тетово. Починати се 9 лица од кои три од Скопје, двајцата од Тетово и по едно од Прилеп, од Струга, од Велес и од Гостивар.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа две лица, пациент од Тетово на возраст од 62 години, кој бил хоспитализиран еден ден, и 62 годишен пациент од Скопје, кој бил примен на болничко лекување пред три дена.
Во ГОБ „8 септември“ починаа пациент од Скопје на возраст од 69 години, примен на 13 јуни, пациентка од Скопје на возраст од 73 години, примена на 2 јуни и пациентка од Велес на возраст од 70 години, хоспитализирана на 2 јуни.
Во болницата во Прилеп почина 81 годишна пациентка која била хоспитализирана на 11 јуни. Во болницата во Тетово почина пациент на возраст од 59 години, во болницата во Охрид почина пациент од Струга на возраст од 69 години, а во болницата во Гостивар присуство на вирусот е потврдено постмортем кај 58 годишна пациентка која починала на 11 јуни.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 4.057, бројката на оздравени пациенти е 1.710, на починати е 188, а бројот на активни случаи во земјата во моментот изнесува 2.159. Дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје – 1.858, активни 1.210
Куманово – 640, активни 221
Дебар – 61, активни 10
Штип – 238, активни 196
Прилеп – 228, активни 20
Тетово – 413, активни 239
Струга – 127, активни 49
Велес – 150, активни 27
Битола – 33, активни 6
Охрид – 69, активни 51
Кавадарци – 6, активни 1
Гостивар – 66, активни 41
Гевгелија – 8, активни 4
Струмица – 8, активни 5
Крива Паланка – 10, активни 4
Радовиш – 4, активни 0
Крушево – 3, активни 0
Кочани – 54, активни 23
Пробиштип – 11, активни 9
Демир Хисар – 1, активни 0
Македонски Брод – 3, активни 1
Пехчево – 5, активни 2
Берово – 2, активни 1
Валандово – 4, активни 3
Виница – 3, активни 0
Делчево – 1, активни 0
Кратово – 3, активни 1
Свети Николе – 9, активни 8
Кичево – 3, активни 1
Ресен – 19, активни 18
Неготино – 17, активни 8 (*9 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 778 теста се преку ИЈЗ – 370, преку ЦЈЗ Скопје – 26, преку „Авицена“ – 125, преку „Биотек“ – 72, преку „Систина“ со PCR метода – 74 и преку МАНУ – 111. До овој момент лабораторијата на Жан Митрев (Филип Втори) не пријави тестирања во Институт за јавно здравје. Доколку стигнат, ќе бидат објавени во следниот извештај. Досега во земјата се направени вкупно 43.040 тестирања на ковид-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа се примени четворица нови пациенти, а вкупно се хоспитализирани 96 пациенти. На кислородна поддршка се 35 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
Во ГОБ „8 септември“ се примени 15 нови пациенти, а вкупно се хоспитализирани 77 пациенти. На респираторна машина се 10, a со потешка клиничка слика се уште 20 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 22 пациенти, а на домашно лекување се следат уште четири лица. Во болницата во Штип се хоспитализирани 20 пациенти, а на инфективните одделенија во Тетово, во Охрид, во Велес, во Куманово и во Прилеп се хоспитализирани 63 пациенти, позитивни и сомнителни на Ковид-19.