НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Спасовски: Не го разбирам Мицкоски кога би сакал да има избори

0
By Нова ТВ on June 15, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Изборите мора да се спроведат онака како што е напишано во Уставот и во законите и тоа е многу важно за да имаме легитимен и легален изборен процес, напиша на својот фејсбук профил премиерот Оливер Спасовски.
„Ако изборниот процес заврши онака како што е предвидено во Уставот, а тоа е 60 дена за одржување на вонредни парламентарни избори, тогаш мора да ги почитуваме тие одредби и на основа на тоа изборите да се одржат 22 дена по завршувањето на вонредната состојба. Остварувањето на интересите на државата мора да биде врз основа на Устав и на закон“, напиша Спасовски.
Во денешното гостување во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, премиерот Спасовски посочи дека според владината Уредба, Уставот и законите, денот на избори е 5 јули.
„Лидерите имаа време да разговараат за изборниот процес и реков дека до оној момент кога политичките лидери не можат тоа да го сторат, институциите на системот мора да ја преземат одговорноста. Неодговорно е во време на здравствена и економска криза државата да биде оставена со нефункционални институции и без Собрание за контрола на извршната власт“, рече Спасовски.
Тој посочи и дека раководството на СДСМ вчера имало состанок, кој ќе продолжи и денеска, и во текот на денот треба да излезе со став за изборниот процес откако вчера лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кажа дека за нив прв прифатлив термин е средината на јули.
„Добро е да имаме консензус за учество во политичкиот процес. Разговаравме во партијата, за сите нас е важно да се оди на избори со сите политички структури и на тој начин да се добие легитимитет. СДСМ како одговорна политичка партија досега покажа дека има јасни политички ставови, дека не отстапува, туку реализира. Не го разбирам Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ кога би сакал да има избори. Се навикнавме дека опозицијата нема став за ниту едно клучно прашање. Но, мора да имаме висока свест во рамките на оваа здравствена и економска криза, се со цел да ги комплетираме институциите и да продолжи справувањето со Ковид-19, економската криза, евроинтегративниот пат и слично“, изјави Спасовски.
Во случај ВМРО-ДПМНЕ да се реши за бојкот на изборите, тогаш нејзините функционери, според техничкиот премиер, треба да се повлечат од Владата од морални причини. Спасовски воедно потенцира и дека престануваат сите владини уредби за кои е предвидено дека траат до завршувањето на вонредната состојба, а сите оние кои имаат важење и по вонредната состојба, ќе останат во сила.
избори Оливер Спасовски премиер
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.