Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Димитров: Пред две години покажавме дека чудата се возможни

0
By Нова ТВ on June 17, 2020 ПОЛИТИКА
Фото: dw.com/reuters
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, June 17, 2020 11:48

Се соочивме со најголемиот проблем, за многумина нерешлив, се вложивме целосно и мислејќи на идните генерации, пред две години покажавме дека чудата се возможни. Зборовите на медијаторот, Метју Нимиц, „по Преспа никој не може да спори дека во Северна Македонија живеат Македонци кои говорат македонски јазик” се најдобар доказ за исполнувањето на нашата мисија, порача шефот на дипломатијата Никола Димитров во изјава за МИА по повод двегодишнината од потпишувањето на Преспанскиот договор.

Во малото населено место Нивици на грчката страна на Преспанското Езеро точно пред две година Димитров и неговиот поранешниот грчки колега Никос Коѕијас ги ставија своите потписи на Преспанскиот договор. Димитров денеска во присуство на премиерот Оливер Спасовски и министерот задолжен за дијаспора Едмонд Адеми по тој повод ќе го посетат Преспанскиот регион.

„Го избравме правиот пат, што за само две години ни го донесе членството во НАТО и пристапните преговори со ЕУ. Конечно се ослободивме од навредливата придавка „бивша“ или „поранешна“ и го финализиравме процесот и државната лична карта во светското семејство на ОН“, вели Димитров.

Истовремено, додава тој, со соседна Грција започнавме да градиме блискост, пријателство и сојузништво, нешто што е толку логично и природно меѓу соседи, а сепак незамисливо до неодамна.

„Пред нас се клучни избори и нов крстопат: назад кон слепата улица или напред по вистинскиот пат кон стабилна, европска и просперитетна иднина“, порача Димитров.

Низ целиот целиот процес на постигнување на компромисот, а и по потпишувањето Димитров и Коѕијас се обидуваа да покажат дека тоа што е договорено е од корист за двете држави. Тие беа архитеките на Договорот, ги усогласуваа ставовите, особено откако преговорите се подигнаа на ниво на шефови на дипломатии.

Македонија Никола Димитров Преспански договор
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.