Познатиот скопски диџеј Ристо Мелоски (48) алијас диџеј Ицко по неколкудневна борба ја загуби битката со коронавирусот. Долгогодишниот член на Антена 5 радио починал синоќа на Клиниката за инфективни состојби и фебрилни болести во Скопје.
Диџеј Ицко имаше голем придонес во развојот на електронската музичка сцена во Македонија преку сопствена продукција и преку емисиите на фрекценцијата на Антена 5 радио. На клупската сцена опстојуваше повеќе од деценија и пол и важеше за синоним на електронската и прогресивна музика во земјава. Мелоски беше сопруг и татко на две деца.